9 важни разлики меѓу пријателската љубезност и флертувањето

Некои луѓе се природно пријателски настроени, без разлика со кого треба да комуницираат. Исто така, често ваквата дружељубивост може да биде протолкувана како флерт, иако такво нешто воопшто не постои. Помеѓу дружељубивоста и флертувањето постојат многу сличности и затоа воопшто не е чудно што може да дојде забуна.

9 важни разлики меѓу пријателската љубезност и флертувањето

Размислете убаво, дали стоите преблиску до личноста со која разговарате? Дали можеби воспоставувате нетипичен контакт со очите? Всушност, ако не сакате да флертувате, тогаш воопшто не ни испраќате такви знаци. Што е тоа, во тој случај, што прави спротивната страна да помисли дека е предмет на интерес кај соговорникот? Генерално, мажите се оние кои во најголем процент сметаат дека жената соговорник има флертувачки намери, додека пак жените уште почесто го потценуваат однесувањето на мажите, односно не препознаваат кога некој флертува со нив.

За да се препознаат сигналите и да се избегнат непријатни ситуации, експертите советуваат да ги следите овие знаци и да заклучите дали соговорникот флертува со вас:

1. Воспоставуваат подолготраен контакт со очите

Обрнете внимание на погледот на соговорникот за да заклучите дали е само пријателски настроен и љубезен или има и други намери кон вас. Еден од најјасните знаци на флертување е подолгиот, пролонгиран и интензивен контакт со очите кој кажува дека намерите се многу повеќе од пријателски. Така, ако погледот трае краток момент, проследен со лежерно „Здраво“, тогаш се работи за љубезна личност, што е многу различно од она кога ќе ве погледнат длабоко, ќе ве поздрават, а можеби и дури физички ќе се приближи повеќе од вообичаено. Тогаш со сигурност се работи за флерт.

9 важни разлики меѓу пријателската љубезност и флертувањето

2. Воспоставуваат физички контакт

Ова е уште еден невербален знак дека флертот постои. Доколку забележите дека личноста сака да оствари физички контакт, ви ги допира рамениците, сака да ве држи за рака, но и да биде блиску до вас, може да биде знак дека се работи за флерт. Исто така, постојат и нијанси во интензитетот на физичкиот контакт, но лесно е да се забележи кога некој сака да биде близок со вас, отколку оние кои се непристојни и немаат разбирање за концептот на личен простор. Доколку ги немате истите чувства и намери, треба навреме да дадете до знаење дека не сте заинтересирани.

3. Поставуваат поконкретни и поинтимни прашања

Флертувачот има агенда која не постои кај пријателот. Пријателските разговори се полежерни, додека флертувачките сакаат да дознаат конкретни информации и ќе се обидат да остварат зближување. Ќе препознаете по неумесното, но неизоставно прашање во вакви ситуации: „Дали се гледаш со некого?“

4. Обрнете внимание на контекстот на разговорот

Најпрво, самиот тон на разговорот може да даде речиси точна информација за неговата позадина. Луѓето кои флертуваат не разговараат за времето надвор, за омилените филмови или за тоа како им поминал денот на работа. Тие прашања ги поставуваат за да можат да започнат разговор, но потоа ќе преминат на доста поинтимни теми. Тогаш веќе можете да бидете сигурни дека соговорникот има повеќе од пријателски намери кон вас.

9 важни разлики меѓу пријателската љубезност и флертувањето

5. Препознајте ги овие невербални знаци

Колку и да се чинат наивни, знаците како играње со косата, гризење на усните и местење на облеката упатуваат јасна порака дека другата личност сака да ве привлече. Некои од овие потези соговорникот ги прави потсвесно, без да знае дека всушност на некој начин ве заведува.

6. Ве почестува со по некој комплимент

Нема личност која не сака комплименти, но од самата содржина на кажаното може да се препознаат и намерите на другиот. Доколку комплиментот е проследен со некој од погоре наведените знаци, како што се физичката блискост и обидите за заведување, тогаш веќе е јасно дека соговорникот е заинтересиран за вас.

7. Ќе укажат дека се сингл

Во текот на разговорот ќе дојде до момент во кој на некој начин спонтано ќе го откријат љубовниот статус (или ќе кријат дека се во врска). Во зависност од вашата желба ќе можете да го поведете разговорот во насока која е соодветна на намерите, односно доколку сте заинтересирани да одговорите на флертот, да ја откриете вистината за тоа дали сте во врска или не. Секако, во секој момент можете да укажете доколку сте во врска и не сте заинтересирани за овој флерт, споменувајќи го партнерот или споделувајќи ситни моменти од претходни состаноци.

Прочитајте и колку добро флертува секој од хороскопските знаци.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар