9 реченици кои треба да ги користите за да го подготвите умот за понатамошен развој

На Интернет можат да се најдат безброј инспиративни реченици кои можат да ви помогнат подобро да го пребродите секојдневието или да се соочите со некаков предизвик или неуспех. Таков е случајот и со пораките од Лори Хенри, со наслов „9-те реченици кои треба да се користат за умот да се подготви за развој“, со чија помош ќе можете повторно да се фокусирате на своите цели.

9 реченици кои треба да ги користите за да подготвите умот за развој и поднесување на неуспех

Наместо: „Не ми оди ова“, обидете се да го помислите следново: „Што е тоа што пропуштам да го направам?“

Наместо: „Одлично ми оди ова“, помислете: „На добар пат сум.“

Наместо: „Се откажувам“, помислете: „Ќе се послужам со некоја од стратегиите кои ги научив.“

Наместо: „Ова ми е претешко“, помислете: „За ова ќе биде потребно и време и труд.“

Наместо: „Не можам да научам математика“, помислете: „Ќе го извежбам мозокот за математика.“

Наместо: „Погрешив“, помислете: „Грешките ми помагаат подобро да научам.“

Наместо: „Тие се толку паметни, јас никогаш нема да бидам толку паметен/а“, помислете: „И јас ќе откријам како тие го прават тоа.“

Наместо: „Ова е сосема добро“, помислете: „Дали е ова навистина мојата најдобра работа?“

Наместо: „План А не ми успеа“, помислете: „Добро е што има толку букви во азбуката.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар