9 проблеми со кои ќе се соочите ако започнете врска со помлад дечко од вас

9 проблеми со кои ќе се соочите ако започнете врска со помлад дечко од вас

Секако дека постојат одредени придобивки од врската со помлад партнер како што се оптимизмот, едноставноста на односот и постојаната возбуда. Убаво е кога имате некој да ве потсети дека одвреме-навреме треба да се забавувате, особено ако тој се грижи за вас и ви дава љубов. Но, постојат одредени моменти кога разликата во годините станува многу очигледна. Тие моменти ќе ве натераат да се запрашате дали оваа врска има повеќе негативни страни од позитивни. Ова се проблемите со кои ќе се соочите ако започнете врска со помлад дечко од вас…


9 проблеми со кои ќе се соочите ако започнете врска со помлад дечко од вас

1. Тој несвесно ќе мисли дека сте му мајка

Момците понекогаш ги сметаат нивните девојки за мајки. Но, вие како негова девојка немате обврска да му ги пеглате кошулите и перете алиштата. Во ред е да ги делите домашните обврски, но ако тој не знае да се грижи сам за себе, тогаш не ви ни треба во животот.

2. Ќе му биде важно кои биле вашите поранешни партнери

Помладите момци обично премногу се грижат за поранешните партнери на нивните девојки. Сакаат да ги знаат сите детали од претходните врски и не сфаќаат дека некои работи подобро е да останат закопани во минатото. Откако ќе дознаат сѐ што треба и што не треба, нема да престанат да ви ги „вадат низ нос“ сите минати грешки кои немаат никаква врска со сегашноста.

3. Ќе мисли дека „лудувате“ секогаш кога ќе излезете со пријателките

Помладите момци не разбираат дека излегувањата со женско друштво можат да поминат мирно и без никакви лудории. Тие си замислуваат дека играте по маси и пиете шотови без престан цела вечер. Гледаат како девојките на нивна возраст „откачуваат“ и мислат дека и вие го правите истото.

4. Ќе мисли дека не знаете како да им кажете „Не“ на здодевните момци

Помладите момци претпоставуваат дека нивните девојки не знаат да ги одбијат потенцијалните додворувачи, ако не се физички присутни со нив. Тие постојано се сомневаат и воопшто не се сигурни во себе, бидејќи мислат дека секогаш може да се појави некој подобро ситуиран од нив.

5. Нема да ја разбере вашата потреба од тишина

Ако завладее тишина во просторијата, тој веднаш ќе помисли дека нешто не е во ред. Помладите момци не знаат дека на секој човек понекогаш му треба време за себе. Тие се секогаш во движење и во друштво на други луѓе, па затоа не ја разбираат потребата од тишина.

9 проблеми со кои ќе се соочите ако започнете врска со помлад дечко од вас

6. Неговата замисла за забава не се совпаѓа со вашата

Тој сѐ уште сака да излегува во дискотеки и да се забавува до раните утрински часови. Но, вие не ја замислувате така забавата. Вие попрво би останале дома во придружба со вино и вашите омилени серии. Ова можеби не делува како голема работа, но може да прерасне во проблем.

7. Вие ќе се обидувате да го мотивирате, но тој ќе мисли дека му додевате

Во ред е кога помладите момци не знаат што да прават со животот, но вие како постари ќе чувствувате одговорност да го мотивирате и да му помогнете да се пронајде себеси. За жал, тој нема да ги сфати добронамерно вашите совети, туку ќе мисли дека го критикувате и нема да сака да ве послуша.

8. Понекогаш тој навистина нема да знае што се случува во светот

Помладите момци живеат заштитени во меурче и не се свесни за проблемите во реалниот свет. Убаво е да се живее со ваков позитивен начин на размислување, но вие ќе ја знаете вистината и нема да можете да бидете толку позитивни. Тој не размислува за иднината и не се грижи за последиците од неговите постапки, бидејќи сѐ уште не е целосно созреан.

9. Нема да разбере што е тоа компромис

Помладите момци имаат големо его и мразат да прават компромиси, бидејќи тоа за нив е како губење на машкоста. Добрата комуникација и правењето компромиси се клучни елементи од секоја успешна врска. Признавање на грешката не значи признавање на пораз, туку преземање одговорност, но тоа помладите момци сѐ уште го немаат разберено.

Нормално дека овие особини не важат за сите помлади момци. Постојат многу 20-годишни момци кои се позрели од 30-годишните мажи, така што годините дефинитивно не се никакво мерило што може да го одреди успехот на врската. Можеби на вашиот помлад партнер му недостасуваат одредени искуства во животот, но на крајот на краиштата најважно е дали се согласувате, колку си одговарате и секако колку се сакате.

Тоа се проблемите со кои можеби ќе се соочите ако сте во врска со помлад дечко од вас, но прочитајте ги и овие 10 причини да излегувате со помладо момче.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар