9 факти за храната со коишто се лажеме со години

9 факти за храната со коишто се лажеме со години

Палминото масло е штетно, треба целосно да ги исфрлиме компирите од исхраната, мононатриевиот глутамат предизвикува зависност… Сигурно сте слушнале барем едно од овие предупредувања. Но не сите факти за храната се реални. Погледнете некои од најпознатите митови за храна и дознајте дали навистина треба да верувате во нив.

1. Латето има помалку кофеин од еспресо

9 факти за храната со коишто се лажеме со години

Многу луѓе се убедени дека еспресото има најмногу кофеин. Најверојатно причината е силниот вкус на еспресото кој всушност не влијае на „јачината“ на пијалакот. Количеството кофеин во лате, капучино и еспресо е ист и најчесто зависи од видот на кафето и мешавината.

2. Овошјето и слатката храна се само за десерт

9 факти за храната со коишто се лажеме со години

Нутриционистите едногласно не се согласуваат со ова верување. Се препорачува да јадете овошје и за појадок и за ужина. Слатките е најдобро да ги консумирате наутро бидејќи тогаш нема да предизвикаат драстична промена во нивото на инсулин. Најдобро е да избегнувате шеќер и печива по ручекот.

3. Моноатриевиот глутамат е опасен за вашето здравје

9 факти за храната со коишто се лажеме со години

Е621, натриумската сол на глутаминската киселина, е еден од најраспространетите адитиви во храната ширум светот. Неговата формула е добиена во Јапонија. Во 1908-ма година, хемичарот Кикунае Икеда добил мононатриев глутамат од морски агли и го оценил неговиот вкус како добар. Всушност ова соединение се наоѓа во многу природни продукти како бабури и домати. Тој ја стимулира работата на нашето сетило за вкус, па производителите го користат поради ова. Најголемата опасност од храната со Е621 е ризикот од прејадување.

4. Ржаниот леб е поздрав од белиот

9 факти за храната со коишто се лажеме со години

Многу луѓе се убедени дека производите направени од бело брашно се забранети за луѓето кои сакаат да ослабат и дека треба да се заменат со ржани производи. Но бројот на калории во црниот и белиот леб е речиси ист. Ова значи дека можете да се здебелите ако изедете премногу од кој било леб. Најголемата разлика е брашното – црниот леб е направен од ‘ржано брашно и има повеќе хранливи влакна, што го прави подобар за метаболизмот. Од друга страна белиот леб е полесен за дигестија, па најдобро е да го јадете него ако имате проблеми со дигестивниот систем.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар