5 митови за простувањето коишто не се вистина

Сигурно мислите дека простувањето ве прави светец или најдобрата личност на светот. Но, вистината е многу подалеку од тоа. Секој сака да биде добра личност, а оваа аспирација речиси секогаш е поврзана со желбата да се биде личност која простува.

5 митови за простувањето коишто не сте вистина

Сепак само лошите луѓе не простуваат, а никој од нас не сака да биде лош. Колку пати ви се случило да си кажете дека ако простите некому сета болка ќе замине? И сте се обиделе да простите. Но и покрај тоа, длабоко во себе навистина сте ја презирале личноста што ви згрешила.

Денес простувањето е како должност, но тоа е многу поразлично од она што нè научиле за него. Исто така, простувањето нема ништо со тоа да бидете добра личност.

Важно е да знаете дека без разлика со што се справувате, простувањето навистина може да ве ослободи. Но, прво мора да се соочите со митовите за простувањето кои се длабоко всадени во вашите верувања.

1. Простувањето е несебично дело

Реалност: Простувањето е добро дело за себе

Навистина е лесно да помислите дека простувањето ве прави светци, но тоа не е така. Вистинското простување е акт на себеослободување. Ова е начин да се ослободите од огорченоста, срамот и вината што долго сте ги чувале во вас. Вистинската слобода значи дека повеќе не се гледате како жртва и не им обрнувате внимание на мрачните чувства и мисли. Наместо тоа го прифаќате она што се случило и јасно ви е дека нема смисла да пружите отпор кон нешто што се случило во минатото.

2. Простувањето е за заборавање

Реалност: Простувањето е користење на болката за да станете помудри

Сосема нереално е да ја заборавите неправдата што ви била нанесена. Сепак, простувањето не е магично стапче што предизвикува амнезија. Со простувањето вие се навраќате на настаните што ви се случиле и го користите тоа искуство за мудри одлуки во иднина. Многу луѓе се преправаат дека заборавиле што им се случило бидејќи простиле, но ова е класична и токсична форма на избегнување. Немојте да ја користите болката за да ја избегнете или потиснете вашата реалност. Болката е овде за да ве научи, па искористете ја.

3. Простувањето значи да ги пуштите лошите луѓе без казна

Реалност: Простувањето значи навистина да ги разберете оние што ви згрешиле

Понекогаш простувањето може да биде искористено како лично оправдување. Веројатно мислите дека вие сте добра личност бидејќи им простувате на лошите луѓе. Во реалноста луѓето не се толку црно-бели колку што сакаме да ги направиме. Секоја грешка е поради болка, не заборавајте го тоа. Болката е она што го стимулира злото и секое лошо што ви се случило е обид на некоја личност да ја намали својата болка. Штом ќе погледнете подлабоко од надворешната школка на личноста што ви згрешила, ќе ја видите нејзината болка. Можете да научите да сочувствувате со неа, или барем да разберете зошто е таква. Дури тогаш можете вистински да простите.

4. Простувањето значи прво да разберете што се случило

Реалност: Простувањето значи да разберете дека болката ги тера луѓето да се однесуваат лошо

Можеби нема секогаш да ви бидат јасни причините за туѓите постапки, но нема потреба од тоа. Можете целиот живот да го поминете во размислување и преживување на некој настан обидувајќи се да ја сложите сложувалката, но вистина е многу едноставна – болката ги тера луѓето да се однесуваат лошо. Болката ги тера да преземаат опасни ризици, да ги саботираат нивните животи, па дури и да се самоубијат. Нема потреба да разбирате за да простите. Само не заборавајте дека природата на болката е непредвидлива.

5. Простувањето значи да ги ослободите луѓето од болката

Реалност: Простувањето значи дека сте ѝ простиле на личноста за она што ви го направила – не можете да го пронајдете мирот на таа личност, само таа може да го направи тоа

Сигурно барем еднаш во животот некој ве има прашано дали ќе му простите. Одговорот веројатно бил „Да“ претпоставувајќи дека со тоа сè ќе биде подобро… сè додека ситуацијата не се повтори одново и одново.

Навистина е тешко да си простите самите бидејќи често сме учени дека сме грешници, не сме доволно паметни, треба да бидеме поубави, попопуларни… Вие најчесто ја барате вашата вредност и прошка надвор од вас во форма на пријатели, авторитет или некое божество. Поради ова не е ни чудно што другите, па дури и вие, постојано барате прошка. Вистината е дека никој од нас не е светец и ако простите некому не значи дека ќе го направите неговиот живот подобар. Таа личност може да го подобри својот живот само ако научи да си прости самата. Истото важи и за вас.

Дознајте и како да простите некому кога тоа ви изгледа невозможно.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар