8 знаци дека тој е вљубен до уши

Сите барем еднаш сме се нашле во ситуација да не можеме да дишеме, јадеме, спиеме и воопшто да размислуваме поради заљубеност. Пеперутки во стомакот, желба, копнеж да го видиме и слични работи ни се случуваат на сите кога сме вљубени. Иако ова се женските страни од вљубеноста, и мажите поминуваат низ слични ситуации.

8 знаци дека тој е вљубен до уши

1. Тој е великодушен со храната

Ако ви го даде последното парче од неговиот омилен десерт или пак се смени со вас бидејќи знае дека вие го преферирате неговото јадење, тогаш тој дефинитивно е премногу заљубен в вас. Никој не би се откажал од омиленото јадење, освен оние на кои љубовта им го поматила разумот.

2. Ве разгалува

Дали искрено мислите дека кога ве нема тој ќе стави маска за ексфолијација на лицето и прочуените краставички на очите? Не, нема. Но, ќе го направи тоа за вас, бидејќи сака да биде дел од сите аспекти на вашиот живот. Дури и ќе дојде на спа викенд со вас, ако тоа значи дека ќе ве направи среќна.

3. Останува смирен, дури и кога мислите дека ќе избувне

Кога ќе признаете нешто од што се срамите или ќе искоментирате нешто за вашите идни деца, тој нема да избувне. Дури и ако малку се лути, тој ќе биде екстремно внимателен со вашите чувства бидејќи не сака да ве повреди.

4. Го обожава вашето голо тело

Тој смета дека сте најзгодната жена на планетата. Не го гледа целулитот, нити стриите. Воопшто не се интересира за тоа бидејќи е премногу зафатен меркајќи и замислувајќи ве во постелата до него. Ако неговиот начин на изразување љубов е таков што ве смета за божица помеѓу чаршафите, тогаш верувајте дека тој е вљубен до уши во вас.

5. Ја памети секоја ситница

Неговите романтични изненадувања ќе донесат солзи-радосници во вашите очи. Го памети вашето омилено вино кое го пиете после напорните денови, никогаш не го заборава вашиот роденден и често прави по некој незаборавен гест. Ова се најголемите знаци на вљубеност.

6. Не го симнува погледот од вас

Го знаете ли погледот на мажите кога ве гледаат додека правите нешто вообичаено и секојдневно? Не може да престане да ве гледа додека врзувате обувки, ја објаснувате омилената серија или спиете. А да не зборуваме кога ќе се дотерате за излегување.

7. Го известува неговото семејство за детали од вашиот живот

Неговото семејство знае за вашето патување и за унапредувањето уште пред вие да имате можност да им кажете. Ова значи дека тој се гордее што е со вас и дека претставувате голем дел од неговиот живот, што е по малку слатко.

8. Секојдневно ви кажува колку ве сака

Вистински вљубениот маж не се срами да ги искаже емоциите и да викне „те сакам“. Дури и оние најтврдите и најгорделивите, кога се искрено заљубени имаат вакви емоционални моменти кога едноставно мораат да ја изразат нивната љубов. Уживајте во тоа и не заборавајте да ја возвратите услугата.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар