Ова се најопасните датуми во февруари кои на многумина ќе им донесат проблеми

Ова се најопасните датуми во февруари кои на многумина ќе им донесат проблеми

Астролозите предвидоа дека 4 датуми во февруари ќе им донесат проблеми на многумина. Сепак, не значи дека тоа навистина ќе биде така затоа што зависи и од начинот на кој ќе се чувствувате во врска со она што ќе се случува.

Ова се најопасните датуми во февруари кои на многумина ќе им донесат проблеми

11 февруари – Меркур во конјункција со Плутон

Конјункцијата е наjнехармоничниот и најагресивниот аспект на планетите. На 11 февруари двете планети, Меркур и Плутон, ќе бидат поставени во иста линија со Земјата. Како резултат на овој феномен, денот ќе биде стресен и динамичен во кој сè може да тргне наопаку. Не потпирајте се на среќата бидејќи можеби таа воопшто ќе ја нема. Ова е моментот кога само логиката и разумот треба да ве водат и ништо друго.

16 февруари – Венера во конјункција со Марс и полна Месечина

Според астролозите, 16 февруари може да биде уште поопасен ден од 11 февруари, бидејќи полната Месечина во знакот Лав ќе донесе дополнителни проблеми. Енергетскиот конфликт помеѓу Венера и Марс ќе придонесе за остар пад на продуктивноста како на професионален така и на љубовен план како и недостаток на енергија. Астролозите ви препорачуваат да не започнувате нов проект на овој датум.

24 и 25 февруари – опаѓачка Месечина во знакот Стрелец

Астролозите предвидуваат дека ваквата позиција на планетите ќе ни донесе многу проблеми. Обидете се да не купувате премногу скапи работи бидејќи Месечината може да ве намами залудно да ја потрошите својата заштеда, а подоцна можете да зажалите за тоа.

Откако прочитавте кои ќе бидат најопасните датуми во февруари според астролозите, можеби ќе сакате да прочитате и кои 4 хороскопски знаци ги очекуваат неволји до крајот на јануари.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар