Неколку причини зошто девојките треба да го направат првиот чекор

Џентлменството веќе одамна почна полека да изумира, а со тоа се изгуби и улогата која до пред неколку декади им припаѓаше само на мажите. Во денешно време, средношколките можат да си дозволат долго време да чекаат порака од симпатичното момче кое им се допаѓа, но откако ќе пораснеме почнуваме малку поинаку да гледаме на овие нешта.

Кога ќе стигнете до оној период од животот кога по будењето ќе го проверите мобилниот телефон и веднаш ќе се разочарате затоа што не ве очекува порака од него која вели „Добро утро мила“ проследено со смајли, тогаш време е да ги преземете работите во вашите раце. Токму затоа погледнете ги наредниве 15 причини зошто токму ВИЕ би требало да го направите првиот чекор…

Неколку причини зошто девојките треба да го направат првиот чекор

1. Кога момците изненадно добиваат додворувачка порака од девојка, тоа за нив е очигледен знак дека тие се во нејзините мисли.

2. Момците сакаат да бидат потсетени дека девојките мислат на нив исто толку колку што девојките сакат да знаат дека тие ги цртаат нивните имиња во својата тетратка. Но, доколку не им оставите впечаток, како тогаш очекувате тие да го запомнат вашето име?

3. Девојките обожаваат да зборуваат и тоа е една од причините зошто тие знаат како да го одржат разговорот подолго.

4. Момците се изгубени. Тие или веруваат дека ниедна девојка не е заинтересирана за нив или пак дека сите сакаат да бидат покрај нив. Во секој случај нивните мисли нема да помогнат при правењето на првиот чекор.

5. Пратете му фотографија од вас пред излегување и ќе се чувствувате многу подобро откако тој ќе ве види во своето најдобро светло на Инстаграм или Снепчет. Бидејќи да бидеме искрени, „@machkica90“ треба да се тргне од вашиот маж!

6. Тејлор Свифт не доминира во музичката индустрија затоа што момците знаат да прават добри потези.

7. Доколку не го направите вие првиот чекор, немојте да бидете изненадени од прекинувањето на вашиот состанок поради „неочекуваниот“ итен повик од некоја негова блиска личност.

8. Дали сте сигурни дека сакате да ја ставите иднината на вашата врска во рацете на полот кој гледа само една употреба на дланката? Ако се пронајдовте во ова сега, погледнете до каде ве довело…

9. Искреноста и директноста покажуваат висока самодоверба, а самодовербата кај девојката може да ја поттикне самодовербата и кај мажот.

10. Девојките подобро ја разбираат разликата помеѓу самодовербата и арогантноста.

11. Доколку не се потрудите да ве запомнат, ќе ве заборават како принцезата Ајланви. Не ја помните? Точно така.

12. Ако ниту еден од вас не го направи првиот чекор, сигурно со недели нема да имате контакт.

13. Доколку тој не знае дека сте заинтересирани за него, неговото внимание може многу брзо да биде привлечено од друга девојка.

14. Постојат многу песни кои можат да ни служат како доказ дека мажите се плашат да ѝ пристапат на девојката исто толку колку што и ние се плашиме да им пристапиме на нив.

15. Колку пати ви се случило да ви каже дека заборавил да ви се јави затоа што играл видео игри? Токму затоа кога ќе помислите на него, веднаш јавете му се. Што би можеле да изгубите?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар