ТВ серија: Галавант (Galavant)

ТВ серија за принцот Галавант кој сака да му се одмазди на кралот кој ја украл неговата вистинска љубов

ТВ серија: Галавант (Galavant)Главни улоги: Џошуа Сас, Тимоти Омундсон, Вини Џоунс, Мелори Јансен, Керен Дејвид

Жанр: комедија, мјузикл

Креатори: Ден Фоглман

Премиера: 4 јануари 2015

Број на сезони: 1

Времетраење: 22 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (1 гласа, просек: 10.00 од 10)
Loading...

Доколку сте љубители на мјузикли и сакате да се навратите малку во времето на принцовите на бели коњи, дамите во опасност и злобните кралеви, тогаш оваа ТВ серија би била одличен начин за исполнување на вашето слободно време. Приказната е лесна и певлива, па токму тоа ќе го одмори вашиот мозок од секојдневните проблеми и целосно ќе ве опушти. Всушност, дури и да не сте големи љубители на мјузикли, урнебесната тематика и забавните песни кои веднаш се „заробуваат“ во вашите уши ќе направат инстантно да ги засакате главните ликови.

ТВ серија: Галавант (Galavant) ТВ серија: Галавант (Galavant)

Станува збор за принцот Галавант (Џошуа Сас), кој бил познат по своето херојство. Тој еден ден толку многу се заљубил, што едноставно не можел да си го замисли својот живот без прекрасната Маделејна (Мелори Јансен). Но, злобниот крал Ричард (Тимоти Омундсон) ја киднапирал девојката, ја заробил во својот замок и почнал да ја подготвува да биде негова жена, кралица. Бестрашниот Галавант ќе тргне во мисија да ја врати својата љубов, ќе ги надмине сите препреки, подготвен дури и да го изгуби својот живот за неа, но таа ќе го одбере кралот и животот во раскош, а со тоа и ќе му забоде нож во срцето на добриот принц.

ТВ серија: Галавант (Galavant) ТВ серија: Галавант (Galavant)

Тој нема да може да ја преболи одлуката на Маделејна, па токму затоа ќе се затвори во својот дом, каде што времето ќе го поминува пиејќи и спиејќи. Ова негово однесување ќе трае долго време и никој нема да може да влијае врз неговата депресија. Но, работите одеднаш ќе тргнат во спротивна насока, кога принцезата Изабела (Керен Дејвид) ќе ја побара неговата помош. На кратко, следува типична клише бајка, со многу хумор, музика и забава која нема да ве остави рамнодушни.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар