8 состојки за нега на коса кои ги имате и дома!

8 состојки за нега на коса кои ги имате и дома!

Дали знаевте дека не мора секогаш да користите скапи козметички производи за да имате здрава коса? Понекогаш доволно е да користите неколку природни состојки кои ги имате и дома, доволно е да знаете кои се тие и за што служат.

8 состојки за нега на коса кои ги имате и дома!

1. Авокадо

Кога станува збор за природни состојки за нега на вашата коса, авокадото е дефинитивно на врвот на листата! Со оглед на тоа дека претставува богат извор на витамините А,Б,Ц и Е, авокадото прави чуда, особено доколку се справувате со кршлива и сува коса. Можете да го нанесете како маска за омекнување на врвовите, а резултатите ќе бидат видливи уште по првата употреба.

2. Алое вера

Гелот од алое вера е совршен за природна коса бидејќи е на база на вода, но содржи и многу минерали, витамини како и масни киселини кои ѝ помагаат на косата да ја задржи потребната влажност.

3. Јаболков оцет

Јаболковиот оцет е извонредна состојка кога станува збор за негување на косата бидејќи неговите антибактериски и антигабични својства помагаат при лекување на првут и сув скалп.

4. Кафе

Според некои истражувања, кофеинот ја зголемува циркулацијата и го стимулира растот на фоликулите. Доволно е да го сварите кафето, да го оставите да се олади и да го нанесете на скалпот.

5. Пиво

Ви треба изговор за купување пиво? Нека тоа биде третманот за нега на косата. Со оглед на тоа дека е богато со антиоксиданси и Б витамини, пивото им дава сјај и мекост на прамените.

6. Јајца

Јајцата се чудесни состојки кога се работи за здравјето на косата. Тие се богати со протеини и витамини А, Д и Е, па затоа можат да се користат како клучна компонента од смесата која ќе помогне да се поправи оштетената коса и да се зајакнат фоликулите.

7. Мед

Антиоксидансите и хранливите состојки во медот го поттикнуваат растот на косата, но и ја одржуваат нејзината влажност. Доволно е да ставите мала количина мед во вашите домашни третмани на коса.

8. Маслиново масло

Третманот за коса со маслиново масло е стар стотици години. Доколку сакате да имате мазна и сјајна коса не занемарувајте ги благотворните ефекти на маслиновото масло.

Откако ја прочитавте нашата листа со домашни состојки за нега на коса, можеби ќе сакате да прочитате и дали оризовата вода е здрава за вашата коса.

Извор: allwomenstalk.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар