8 парчиња облека што е опасно да ги носите секој ден

Изгледа дека желбата секој ден да изгледате совршено може да му штети на вашето здравје. Можеби тесните корсети се проблем од минатото, но дури и во 21-виот век постојат некои парчиња облека кои можат да предизвикаат многу здравствени проблеми. Доколку се грижите за вашето здравје, добро е да знаете кои парчиња облека не би требало да ги носите секојдневно.

1. Тесни фармерки

8 парчиња облека што е опасно да ги носите секој ден

Добриот пар фармерки се универзално парче облека ширум светот. Повеќето жени ги сакаат тесните фармерки бидејќи им помагаат да ги нагласат нозете и колковите. Но, овие панталони ја попречуваат циркулацијата на крвта, што води до проширени вени и целулит. Кожата не може да „дише“ бидејќи материјалот е премногу блиску до телото. Исто така можат да се појават и сраснати влакна на колковите и на бикини зоната.

2. Чевли со високи потпетици

8 парчиња облека што е опасно да ги носите секој ден

Секоја девојка ја знае моќта на чевлите со високи потпетици, но не е добро да ги носите овие чевли секојдневно. Тие можат да предизвикаат болки во грбот и во нозете, како и отекување. Исто така, честото носење високи потпетици може да предизвика хернија и да го искриви ‘рбетот.

3. Рамни чевли

8 парчиња облека што е опасно да ги носите секој ден

Иако можеби изгледаат навистина удобно, лекарите тврдат дека овие обувки можат да ви наштетат бидејќи кога ги носите, товарот не е еднакво распореден на стапалата. Ова може да ги прошири вашите крвни садови и да им ја намали еластичноста, а стапалата можат да станат рамни. Можат да се појават и болки во стапалата и грбот, а понекогаш настанува и деформација на стапалата.

4. Пуш-ап градник

8 парчиња облека што е опасно да ги носите секој ден

Иако овие градници се навистина популарни, не се најдобриот избор. Овие градници ги деформираат градите и ги прават „зависни“ на вештачка поддршка. Покрај тоа, пуш-ап градниците се навистина тесни и создаваат притисок кој може да предизвика и рак.

5. Очила за сонце

8 парчиња облека што е опасно да ги носите секој ден

Очилата не само што се тренди, туку се и неопходни за време на сончевите денови. Но немојте да ги носите навечер или во простории во кои нема доволно светло. Ова ќе им создаде дополнителен напор на очите, па постои ризик од појава на катаракта. Покрај тоа, потребно е редовно да ги чистите очилата и да купувате модели кои нудат 100% заштита од УВ зраци.

6. Хулахопки

8 парчиња облека што е опасно да ги носите секој ден

Хулахопките се неизоставен дел од гардероберот на секоја девојка. Можат да направат да изгледате елегантно и визуелно да ги издолжат вашите нозе. Но доколку ги носите пречесто, само ќе си предизвикате штета. Синтетичките состојки на хулахопките ја задржуваат влагата и можат да предизвикаат разни вагинални инфекции. Исто така можат да имаат и негативен ефект на циркулацијата на крвта, што може да води до проширени вени и целулит.

7. Големи чанти

8 парчиња облека што е опасно да ги носите секој ден

Женската чанта е место каде што можете да најдете речиси сè. Рачните чанти се навистина практични, но и небезбедни. Бидејќи постојано ја носите чантата на едното рамо, целиот товар е само на едната страна, што може да предизвика сколиоза и остеохондроза. Поради нерамнотежата, можат да се појават и грчеви во мускулите, блокирани крвни садови и приклештени нерви.

8. Пижами

8 парчиња облека што е опасно да ги носите секој ден

Зарем има некој што не сака пар удобни пижами, особено во студените месеци? Проблемот е што пижамите кои се премногу тесни или топли, го поттикнуваат размножувањето на разни бактерии кои можат да предизвикаат иритација на кожата, чешање или габична инфекција. Жените кои имаат хронична габична инфекција, најдобро е да спијат без пижами, па дури и без долна облека.

Погледнете и кои видови долна облека се опасни за вашето здравје.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар