8 неверојатни факти за лубеницата

8 неверојатни факти за лубеницата

Aвтор: Маја Линкова

Лубеницата е една од најпопуларните и највкусните летни овошја, која речиси сите ја сакаат. Таа нема многу калории (30 калории во 100 грама), а има многу А и Ц витамини (обезбедува 17% од вашата дневна потребна доза на А витамин и 20% Ц витамин). Таа исто така е богата со хранливи влакна и калиум. Иако има силна дебата околу тоа дали лубеницата е овошје или зеленчук, многу од нас сметаат дека лубеницата е и овошје и зеленчук. Доколку сакате да научите неколку интересни факти за лубеницата, продолжете да читате.

Watermelon

1. Лубеницата ја зголемува моќта на мозокот

Дали знаевте дека лубеницата може да ви помогне да го зајакнете мозокот? Лубеницата е одличен извор на витаминот Б6, кој е важен за нормално функционирање на мозокот. Покрај тоа, процентот на вода во ова вкусно овошје е слично на процентот на вода кој е присутен во мозокот.

2. Има голема содржина на вода

Лубеницата е богата со вода. Според Министерството за земјоделство во САД, лубеницата е 91,5% вода, што значи дека ова овошје може да ви помогне да останете хидрирани во текот на денот. Јадењето лубеница или пиењето сок од лубеница секој ден, е една од најслатките начини да останете хидрирани во текот на оваа сезона.

Slice of Watermelon

3. Содржи околу 40% повеќе ликопен одошто сировите домати

150 грама лубеница содржи 1,5 пати повеќе ликопен, отколку што содржи еден голем свеж домат. Ликопенот е моќен антиоксиданс кој помага да се спречат слободните радикали да предизвикаат оштетување на клетките, а исто така може да го подобри вашиот имунолошки систем. Покрај тоа, потврдено е дека овој моќен антиоксиданс го намалува ризикот од појава на рак.

4. Жолта лубеница

Лубеницата ја има во различни сорти. Има лубеница која не е розова во внатрешноста. Ако сакате да пробате нешто ново, одлучете се за „Јелоу Кримсон“. Жолтата сорта на лубеница има сладок вкус на мед, во кој дефинитивно ќе се вљубите. Но, може да биде тешко да се купи жолта лубеница бидејќи таа однадвор е идентична со другите сорти.

2-8-neverojatni-fakti-za-lubenicata-kafepauza.mk

5. Добра е за вашите очи

Лубеницата содржи многу А витамин, што е одлично за вашите очи. Помага во подобрување на вашиот вид, а ги заштитува вашите очи од различни инфекции. Конзумирајте околу 100 грама лубеница секој ден, за да ги одржите вашите очи здрави, а вашиот вид да биде остар.

6. Сокот од лубеница може да ги намали болките во мускулите

Многу истражувања покажуваат дека сокот од лубеница може да ви помогне да ја намалите болката во мускулите, па така тој е совршен пијалак по напорниот тренинг. Всушност, лубеницата има највисок извор на цитрулин, кој помага да се подобри функцијата на артериите и го намалува покачениот крвен притисок. Ако имате болка во мускулите, задолжително напијте се сок од лубеница. Иако, препорачливо е претходно да посетите доктор.

3-8-neverojatni-fakti-za-lubenicata-kafepauza.mk

7. Помага во намалување на тежината

Јадењето лубеница е вкусен и едноставен начин да го прочистите вашето тело и да ги изгубите непосакуваните килограми. Како што е спомнато погоре, лубеницата има многу малку калории и богата е со вода, а тоа ќе ви помогне во губењето килограми. Лубеницата е одлична за смуди и супер закуска помеѓу оброците бидејќи го обезбедува телото со многу минерали и вода.

8. Заштитува од УВ зраци

Лубеницата е богата со ликопен, каротеноиден пигмент кој ја зголемува моќта на антиоксидантните својства. Ликопенот помага во заштитата од УВ зраци, изгореници и рак на кожата. Овие се најважните причини поради кои би требало да ја вклучете лубеницата во вашата дневна исхрана.

Лубеницата е одлично овошје, кое има многу здравствени придобивки. Додајте лубеница во вашите летни салати и смуди. Летото е совршениот период за да уживате во ова вкусно и здраво овошје. На кој начин вие јадете лубеница? Споделете ги со нас вашите идеи.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Gradinar Reply

    Се е во ред, освен што лубеницата е ЗЕЛЕНЧУК од фамилијата ТИКВИ.

Напиши одговор на Gradinar Откажи одговор