7 причини зошто треба да бидете себични оваа година

7 причини зошто треба да бидете себични оваа година

„Вие самите заслужувате љубов и грижа исто како и секое друго суштество во целиот универзум.“ – Буда

Во овој свет каде што само најсилните преживуваат, мора да се грижиме за себе, бидејќи ако ние не го правиме тоа, никој друг нема да го направи. Постои разлика помеѓу себичноста и грижата за себе. Грижата за себе е поврзана со преживувањето и не може никому да наштети. Напротив, многу е важно да сфатиме дека неопходно е да се грижиме за себе.

7 причини зошто треба да бидете себични оваа година

За жал, многумина го игнорираат тоа. Живееме без да се грижиме за себе, а тоа го попречува нашиот развој. Грижата за себе не само што ни помага да напредуваме, туку и да дадеме поголем придонес во светот. Оваа година треба да бидете себични! Заслужувате да се грижите за себе, да се негувате и да бидете среќни. Следниве 7 причини ќе ве убедат да го сторите тоа…

1. Ќе сфатите дека вие сте вашиот најдобар пријател

„Секогаш ќе бидете сами со себе, така што најдобро е да уживате во друштвото.“ – Диана Фон Фурстенберг

Повеќето луѓе поминуваат премногу време на социјалните мрежи и паѓаат во депресија поради навидум среќните животи на нивните врсници. Не сме задоволни од себе и сакаме да живееме нечиј друг живот. Нашето општество многу брзо напредува и секогаш се менува она што се смета за „најдобро“. Немојте да се заглавите во овој маѓепсан круг. Сакајте се себеси. Ценете се и бидете си својот најдобар пријател. Само така ќе можете да пронајдете внатрешен мир.

2. Ќе се подобри вашето физичко здравје

„Кога се сакав себеси доволно, почнав да се ослободувам од сите нездрави работи. Тоа се однесуваше на луѓето, работните места, сопствените уверувања, навики и сѐ останато што го намалуваше мојот потенцијал. Мојата проценка го нарекуваше тоа нелојалност. Но, сега гледам дека се работело за грижа за себе.“ – Ким МекМилен

Грижата за себе ќе ви овозможи да имате повеќе време за семе. Кога не се сакаме себеси, постојано јадеме нездрава храна и остваруваме погрешни врски кои го намалуваат нашето физичко и ментално здравје. Наместо тоа, одвојте малку време за да се релаксирате. Дајте си време за да ги наполните батериите и подобрете ја вашата исхрана. Јадете домашно зготвено храна. Кога вашето тело ќе почне да се чувствува свежо и енергично, позитивните вибрации ќе се пренесат и на вашата душа.

3. Животот ќе ви стане поедноставен и помалку комплициран

„Сакајте се себеси и сѐ друго ќе се среди. Навистина мора да се сакате себеси за да направите нешто на овој свет.“ – Лусил Бол

Кога ќе почнете да се сакате себеси, ќе сфатите дека вашиот живот е среден. Нема да има никакви компликации во вашиот живот, бидејќи ќе знаете точно што сакате и што ви треба за да бидете среќни. Или ќе ги прифаќате работите или целосно ќе ги отфрлате, нема да прифаќате ништо помеѓу.

7 причини зошто треба да бидете себични оваа година

4. Ќе остварите подобри врски

„Кога човек верува во себе, тој не се обидува да ги убеди другите. Кога човек е задоволен од себе, не му треба туѓото одобрување. Кога човек се прифаќа себеси, целиот свет го прифаќа.“ – Лао-Цу

Кога ќе почнете да се сакате себеси, ќе разберете како изгледа вистинската љубов. Со оглед на тоа што ќе знаете колку вредите и ќе се сакате себеси, ќе можете да разберете кој ве сака вистински. Вашата самодоверба ќе ги натера другите да ве почитуваат.

5. Ќе ги остварите вашите соништа

„Не прашувајте се што му треба на светот, запрашајте се себеси што ве оживува. Потоа, сторете го тоа. На светот му требаат луѓе кои оживуваат.“ – Хауард Вашингтон Турман

Многумина никогаш не ги остваруваат своите соништа, бидејќи целиот свој живот ги ставале другите луѓе на прво место, а не себеси и затоа на крајот умираат каејќи се за многу работи. Не дозволувајте ова да ви се случи вам. Имате само еден живот. Правете го она што отсекогаш сте го сакале. Тоа ќе ве направи среќни и задоволни.

6. Ќе најдете стабилност во животот

„Бидете верни на она што постои во вашиот внатрешен свет.“ – Андре Жид

Грижата за себе ќе ви ја даде стабилноста по која копнеете толку многу. Во моментот кога ќе пронајдете внатрешен мир, останатите работи ќе си дојдат на своето место.

7. Ќе го промените начинот на размислување

„Никој не може да направи да се чувствувате инфериорно без ваша согласност.“ – Елеонор Рузвелт

Во моментот кога ќе почнете да се грижите за себе, полека ќе се ослободите од психичките проблеми, како што е депресија. Без разлика колку ве повредуваат другите, секогаш треба да се штитите себеси. Знаете како да бидете среќни. Не ви треба туѓото одобрување. Тоа ќе ве направи посилни, попозитивни и посреќни.

Време е да го искористите целиот ваш потенцијал во 2018 година! Откријте ја вашата внатрешна моќ и живејте со полни гради!

Во продолжение прочитајте што ќе ви се случи кога ќе се заљубите во својот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар