Како да го преживеете напорниот ден кога сте многу уморни?

Како да го преживеете напорниот ден кога сте многу уморни?

Мора да признаеме дека најдобриот начин да се наполните со енергија е да се наспиете. Но, понекогаш немате време за тоа. Кога ќе влезете во канцеларијата со полуотворени очи, добро е да ги знаете овие трикови што ќе ви помогнат да го преживеете денот пред вас.

Како да го преживеете напорниот ден кога сте многу уморни?

1. Не пијте премногу кафе или енергетски пијалаци

Овие пијалаци ви го зголемуваат нивото на енергија за кратко време, но потоа ќе се чувствувате уште поуморно. Уште полошо е што наредното утро ќе ви биде потешко да закрепнете.

2. Истуширајте се со жешка и студена вода

Истуширајте се со жешка, па со студена вода. Или ако не сте во можност, измијте си го лицето со студена вода. Овој класичен совет секогаш е корисен.

3. Внесете повеќе кислород

Кислородот ќе го разбуди вашиот мозок. За да внесете повеќе кислород во мозокот, направете ја следнава вежба:

  • Легнете на подот или на некоја рамна површина.
  • Ставете ја дланката на стомакот под вашите ребра. Ставете ја другата дланка на вашите гради.
  • Вдишете длабоко со стомакот. Осигурете се дека вашите гради не се помрднуваат.
  • Издишете од устата. Почувствувајте како ви се спушта стомакот и издишете го целиот воздух.
  • Повторете ја вежбата 5 до 10 пати и ќе се чувствувате посвежо.

Како да го преживеете напорниот ден кога сте многу уморни?

4. Појадувајте сладолед

Сладоледот навистина ќе го разбуди вашиот мозок. Причината за тоа не е шеќерот, туку ниската температура на сладоледот. Се разбира, овој метод не треба да ви стане навика.

5. Правете утрински вежби

Нема потреба од цела серија вежбање. Доволно со 3-5 едноставни вежби за растегнување што ќе ве наполнат со енергија.

6. Направете си жешка купка со есенцијално масло од еукалиптус или бор

Неколку капки есенцијално масло со силен мирис и кратка, но жешка купка можат да направат чудо.

Како да го преживеете напорниот ден кога сте многу уморни?

7. Излезете надвор

Ако не можете, барем отворете ги вашите прозорци за да внесете свеж воздух. Ако температурата надвор е пониска, веднаш ќе се чувствувате посвежо.

8. Направете план за денот

И следете го тој план. Кога ќе ги запишете најважните обврски, нема да го мачите мозокот со вишок информации. На овој начин ќе се концентрирате на исполнување на обврските наместо на нивно помнење.

9. Консумирајте помалку бел шеќер

Покачувањето на шеќерот во крвта може да направи да се чувствувате уморно. Ако ви се јаде нешто благо, подобро одберете некое овошје.

Како да го преживеете напорниот ден кога сте многу уморни?

10. Осветлете ја просторијата

Кога седите во темница, сосема природно е да ви се спие.

11. Дремнете 15-тина минути

Не секој може да си дозволи дремка. Но, ако сте доволно среќни, искористете го тоа. Со 15-тина минути можеби нема да бидете целосно свежи, но тоа е сосема доволно за да издржите до крајот на денот.

12. Користете силни ароми

Цитрусните овошја, каранфилчето, циметот и ѓумбирот се познати по тоа што го покачуваат нивото на енергија.

Како да го преживеете напорниот ден кога сте многу уморни?

13. Смејте се

Искреното смеење може да ве опушти и да ве натера да заборавите на проблемите. Неколку анегдоти или смешни видеа може да ви помогнат да се вратите на работа со повеќе енергија.

14. Допрете го горниот дел на непцето со јазикот

Чувството на скокоткање веднаш ќе го разбуди вашиот мозок.

15. Сменете ги чорапите

Ова е најчудниот совет. Но, ако ги смените чорапите во текот на денот, ќе се чувствувате посвежо.

Погледнете ги и овие совети за победување на попладневната поспаност без кофеин.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар