7 модни тајни за почеток на нова романса

7 модни тајни за почеток на нова романса

Вечерва е вашиот состанок со момчето кое долго време ви се допаѓа и вие веќе неколку часа стоите пред шкафот и се прашувате што да облечете. Часовникот отчукува, а вашиот ум е среде бура од идеи: „Што ако ги носам темните фармерки со кремастиот џемпер?“; „Што ако ја облечам кошулата со слатките набори?“; „Или можеби би требало да го облечам црниот фустан?“

7 модни тајни за почеток на нова романса

Кога сте заробени во модна дилема, можете да побарате помош од психолошките истражувања кои ќе ви ги објаснат изборите кои ги правите, процесите на одлучување кои се вклучени во изборот, како и импресиите кои ги создавате на љубовниот состанок во очите на партнерот со вашата облека.

1. Барате љубов? Обидете се со црвено

Се сеќавате ли на песната „Lady in Red“? Неодамнешните откритија покажуваат дека мажите повеќе ги привлекуваат жени кои носат црвено, бидејќи ги сметаат за поатрактивни и повеќе сексуално пожелни отколку оние кои носат други бои. Овој ефект на заведување бил документиран насекаде ширум светот, како глобален и културно универзален феномен. Бидејќи црвената боја има волшебна моќ која влијае надвор од свесноста, таа може да ви помогне да го привлечете вниманието на вашиот потенцијален партнер.

7 модни тајни за почеток на нова романса

2. Не ја сакате црвената боја? Обидете се со црна

Дали црната е новата црвена? Можеби. Истражувањата покажуваат дека и мажите и жените ги гледаат припадниците на спротивниот пол како поатрактивни кога тие носат црно или црвено. Ефектите од црната боја не се само во очите на оној кој ја носи, туку и во очите на оној кој ја набљудува. Резултатите покажуваат дека фотографиите од мажите кои носат црна кошула биле одбирани како попривлечни од оние кои ги носат другите бои, дури и во ситуациите кога станувало збор за истиот маж во различна боја на кошула. Но, не заборавајте дека исто така е многу важно и вие како се чувствувате во вашата облека. Понекогаш тоа е половина од приказната кога станува збор за тоа како другите ве перципираат.

7 модни тајни за почеток на нова романса

3. Дозволете ѝ на вашата облека да зборува за вас

Одите на прв состанок? Наместо да се запрашувате што би требало да носите, можеби подобро би било да се запрашате каков впечаток би сакале да оставите. Суптилните разлики во облеката можат да влијаат врз импресиите за самодовербата, успехот и флексибилноста. Посвечениот и артистичкиот стил на облекување можат да создадат впечаток дека сте поинтелигентни споредено со стилот кој е покежуал. Но, од друга страна исто така може да создаде впечаток и дека не ви е удобно во социјални ситуации или дека имате тенденција да зависите од другите. Поконзервативните стилови можат да покажуваат самоконтрола, сигурност и разбирање, додека пак посмелите стилови можат да бидат поатрактивни и со тоа да сугерираат дека сте уникатна и забавна личност.

7 модни тајни за почеток на нова романса

4. Не заборавајте на вашите чевли

Новите докази покажуваат дека луѓето многу често го формираат своето мислење за карактерот на другите според чевлите кои тие ги носат. Кога од испитаниците на едно истражување било побарано да погодат каков е карактерот на одредени личности само според нивните чевли, нивните одговори биле скоро идентични. Тие имале тенденција да мислат дека сјајните чевли сугерираат на анксиозност, штиклите со „шпиц“ сугерирале на помала љубезност и повисоките потпетици сигнализирале пониска емоционална стабилност. Но, дали овие впечатоци се точни? Во некои случаи, да. Набљудувачите имаат тенденција точно да ја идентификуваат анксиозноста и љубезноста кај непознатите само врз основа на нивните чевли.

7 модни тајни за почеток на нова романса

5. Покажете малку кожа… или можеби сепак не?

Некои фактори кои се надвор од нашата свесност можат да влијаат врз изборот на нашата облека. На пример, секојдневните модни интереси на жените изгледа како да ја отсликуваат нивната репродуктивна достапност. За разлика од останатите видови, редовната овулација кај жените е скриена од набљудувачите. Но, неодамнешна студија покажала дека облеката која жените одбираат да ја носат на социјалните настани е поврзана со нивната овулација. Жените преферираат поотворена облека за време на периодот на плодноста, особено ако се слободни, сексуално искусни или среќни во својата љубовна врска.

7 модни тајни за почеток на нова романса

6. Набори, чипка и сладок ѓердан

Исто како што жените се природно насочени кон облека која разоткрива за време на плодните денови, тие исто така се облекуваат помодерно како резултат на нивниот циклус. Во една неодамнешна студија се разгледувале фотографии од жени во различни периоди на нивниот циклус. Задачата на судиите била да ги одбираат оние фотографии каде што личноста изгледала како најмногу да се трудела добро да изгледа. Изненадувачки, судиите ги одбрале оние фотографии кои биле снимени во периодот кога жените биле најплодни. За време на овој период од циклусот, жените несвесно се обидуваат да бидат поатрактивни и токму поради тоа одбираат помодерна облека.

7 модни тајни за почеток на нова романса

7. Грижете се за својот изглед

Многу е поважно како ја носите облеката, отколку самата облека. Грижата за вашиот изглед е поврзана со перципирањето на привлечноста. Луѓето често реагираат попозитивно на оние кои се добро „средени“ и се претставуваат како уредни и чисти во јавноста. Тие чувствуваат поголемо задоволство во присуство на оние кои се грижат за својот изглед поради тоа што тие личности им делуваат повнимателно. Накратко, добрата грижа за себе му дава на светот позитивна порака, без разлика на облеката која ќе одберете да ја носите.

7 модни тајни за почеток на нова романса


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Ане Reply

    ubaviiiiiiii

Напиши одговор на Ане Откажи одговор