6 техники за воспитување на децата што воспитувачите ги користат во градинка

6 техники за воспитување на децата што воспитувачите ги користат во градинка

Дали се прашувате како е можно вашето дете да е како ангел во градинка, а многу немирно дома? Воспитувачите имаат неколку тајни методи за детето да биде мирно.

6 техники за воспитување на децата што воспитувачите ги користат во градинка

1. Не дозволуваат губење време

Зошто вашето дете се спротивставува толку на секој ваш обид наутро да излезете навреме од дома, но кога воспитувачката ќе каже само еден збор, тоа е веќе на нозе? Објаснувањето е едноставно – кога воспитувачката кажува нешто, детето многу добро знае дека го мисли тоа. Искуството вели дека родителите често им кажуваат на своите деца дека е време да си одат дома од роденденската забава или од паркот, а потоа застануваат да погледнат нешто, да разговараат со некого или, едноставно, да не одолеат на бесконечното молење: „само уште пет минути“. Треба да бидете доследни и прво вие да го почитувате она што го зборувате, а потоа да го очекувате тоа од детето.

2. Рутината е клучна за квалитетен сон

Апсолутно е неверојатно како на вашето дете му требаат идеални услови за спиење дома – мора да ја затемните просторијата, да го исклучите телевизорот, да легнете до него и да му пеете. Но, во градинката, во соба со уште 20 други деца, тоа спие без никакви проблеми. Тајната е во групниот ефект – вашето дете е со други деца кои го прават истото, па затоа е полесно да прифати дека е време да дремне.

Клучно е да се воведе рутина и дома и да се држите до неа. Половина час пред спиење, не започнувајте никаква активност што ќе биде многу интересна за детето. Следно, создајте рутина: ист распоред, иста музика, исто време, исти очекувања – тишина и сон.

3. Начинот на зборување е исто толку важен колку и она што го зборувате

Дали детето не ви обрнува внимание кога ќе му се обратите? Не повишувајте го гласот освен ако не сакате да му пеете. Ако ви се случи да му кажете нешто без да ве слуша, обидете се да му го кажете тоа пеејќи, а потоа следете ја реакцијата.

Се разбира, не можете да се потпрете само на пеењето за да го задржите нивното внимание. Воспитувачите користат секакви техники: свиркање, гласно шепотење, а честопати и визуелни помагала или невообичаени гестови за да го привлечат вниманието на децата.

Сите трикови се дозволени и сè е подобро од тоа да викате за вашето дете да ве чуе. Кога ќе успеете да му го привлечете вниманието, веднаш кажете директно што треба да стори детето.

4. Вашето дете сака да се облекува само

Повеќето деца навистина копнеат по чувството на независност, самодоверба и достигнување што го носи облекувањето. За нив, тоа е слично чувство како кога вие постигнувате нешто навистина важно на работа. Но, тоа не му е лесно, а за да му го олесните тоа, бидете внимателни кога му купувате облека. Потоа, развијте специјални техники што ќе му помогнат да научи да се облекува само. Подгответе ја гардеробата навечер за утре, ставете ја на подот точно како што треба да изгледа во неа кога ќе се облечете. Нека започне да се облекува на време за да не брзате и да паднете во искушение вие да ја завршите работата на крајот или едноставно вежбајте кога не брзате. За да му помогнете на детето да разбере што е напред, а што назад, обележете ја гардеробата на јасен начин (етикетите понекогаш не се доволни).

5. Чекањето во ред и споделувањето играчки не мора да биде трауматично

Како возрасен, разбирате дека понекогаш мора да чекате ред за да добиете нешто што сакате или што ви треба. И тоа не е проблем освен ако некој не се обиде да застане пред вас. Децата ги имаат истите очекувања кога станува збор за фер однесувањето. Повеќето од нив се подготвени да споделат нешто и да го чекаат својот ред, сè додека сметаат дека системот работи правично. Кога две деца се караат, им велиме дека расправијата и викањето нема да го решат проблемот, туку само ќе ги расплачат и уште повеќе ќе се налутат. На детето кое е повеќе вознемирено треба да му се каже: „Почекај да го сослушам Марко, па потоа ќе те сослушам и тебе“. Детето ќе се смири затоа што знае дека имате намера да го слушате.

Ако ова не функционира, тогаш воспоставете многу јасно правило – кажете му на детето кое во тој момент игра со играчката уште колку точно може да игра, пред да ја предаде играчката. Никогаш не велете „уште малку“ или „малку подоцна“. Кога има многу популарна играчка во градинка, одлична идеја е да се формира листа на чекање и време за игра. Децата сакаат таков вид исчекување, па дури и тригодишните деца се подготвени да чекаат ако со сигурност знаат дека ќе им дојде редот.

6. Играта може да биде целото образование што им е потребно на децата од предучилишна возраст

Децата треба да доаѓаат од градинка со чувство дека таму им било убаво и дека играле цел ден. Ако одлучите да работите со вашите деца од предучилишна возраст дома, тоа секогаш нека биде преку игра. Не заборавајте дека единствениот начин детето целосно да се опушти и да ужива додека е во градинка е преку играта и тоа што со сигурност знае дека мама и тато ќе дојдат по него и дека го чека неограничена и безусловна љубов дома.

Погледнете кои 7 знаци откриваат дека добро го воспитувате вашето дете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар