6 совети за возење што ќе ви помогнат да ги избегнете несреќите на лошо време

Иако автомобилот е навистина удобно средство за транспорт, тој е голема одговорност за возачот, особено ако времето е лошо. Според истражување спроведено од страна на американски научници, околу 22% од сообраќајните несреќи се поради метеоролошки фактори. Поради ова, за ваша безбедност важно е да ги знаете следниве работи.

1. Возење во магла

6 совети за возење што ќе ви помогнат да ги избегнете несреќите на лошо време

Ако возите во магла, најдобро е да ги отворите прозорците за подобро да слушате што се случува надвор. Покрај тоа вклучете ги кратките светла наместо долгите. Кога ги користите долгите светла, светлината ќе се рефлектира и на најмалите честички магла, а ова може да ве збуни.

2. Возење по лизгав пат

6 совети за возење што ќе ви помогнат да ги избегнете несреќите на лошо време

Кога возите по лизгав пат, особено внимание обрнете на нагорнините и надолнините. Мешавината од сол побрзо се отстранува од овие патишта, па тие претставуваат поголема опасност.

3. Возење на дожд

6 совети за возење што ќе ви помогнат да ги избегнете несреќите на лошо време

Една британска осигурителна компанија не препорачува да се користат светла за магла бидејќи можат да ги засенат светлата за кочницата и да ги збунат возачите зад вас. Ако налетате на голем вир, најдобро е да го запрете автомобилот и да се осигурите дека можете да поминете. Во ред е да го направите ова и ако зад вас има автомобили. На овој начин и тие ќе знаат дали ќе можат да преминат.

4. Возење на дожд навечер

6 совети за возење што ќе ви помогнат да ги избегнете несреќите на лошо време

Ако возите навечер на силен дожд, имајте предвид дека капките на шофершајбната можат да ја рефлектираат светлината и да ве заслепат. Покрај тоа силниот дожд рефлектира кога е осветлен. Поради ова најдобро е да ги регулирате светлата и зраците да не одат нагоре.

5. Снег

6 совети за возење што ќе ви помогнат да ги избегнете несреќите на лошо време

Ако налетате на насип од снег, немојте да го вртите воланот во спротивна насока. Важно е да го држите воланот во иста насока и да се вратите на патот постојано стискајќи на гас.

6. Возење во бура со прашина

6 совети за возење што ќе ви помогнат да ги избегнете несреќите на лошо време

За безбедно да стигнете на вашата дестинација кога има бура од прашина, експертите од познатите фабрики за автомобили препорачуваат да го напуштите патот, да го паркирате автомобилот од страната и да ги исклучите светлата. Доколку ги оставите вклучени, останатите возачи можат да помислат дека сте во сообраќајот и да се удрат.

Дали некогаш сте се запрашале зошто луѓето возат бесно и арогантно?

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар