6 работи кои мажите ги мислат и ги прават, а жените треба да ги знаат

6 работи кои мажите ги мислат и ги прават, а жените треба да ги знаат

Мажите секојдневно ги мислат и ги прават овие работи, а жените треба да ги знаат за подобро да се разберат…

6 работи кои мажите ги мислат и ги прават а жените треба да ги знаат

1. Мажите не знаат што сакаат жените

На мажите никогаш не им е јасно дали треба да бидат добри или лоши момци, дали треба да бидат чувствителни или груби, избричени или брадести, каков накит девојките сакаат да им купат, што значи нивниот близок однос со нивните другари и слични работи. Нема како мажите да ги знаат овие работи ако јасно не им се кажат.

6 работи кои мажите ги мислат и ги прават а жените треба да ги знаат

2. Мажите честопати се извинуваат само за да ја смират ситуацијата

Тие честопати не ни знаат зошто се извинуваат на сред кавга, но очекуваат на тој начин да ја смират ситуацијата. Ако нивната партнерка е гневна на нив поради нешто, тие се свесни дека нешто не е како што треба, но тоа не значи и дека сметаат дека вината е кај нив и дека треба да се извинат. Жените треба да имаат предвид дека нивниот партнер можеби не знае зошто точно ги кажува тие зборови и подоцна ќе го смени ставот околу таа ситуација кога ќе му се разјаснат работите на нејзиниот дотогаш нејасен гнев.

6 работи кои мажите ги мислат и ги прават а жените треба да ги знаат

3. Нормално е да погледнуваат по други жени

Погледнувањето по други девојки е сосема нормална работа. Погледот инстинктивно секогаш се насочува кон работите кои се убави за гледање, вклучително и кон убавите девојки. Но, тоа не значи дека партнерката има причина за грижа. Едно е тој да погледне некоја девојка и да помисли дека е привлечна, а сосема друго е да дејствува со цел да ја освои. Тој има причина што е со партнерката со која е во моментот. Впрочем, и жените цело време гледаат други мажи кои им се привлечни, но тоа не значи и дека ќе изневерат.

6 работи кои мажите ги мислат и ги прават а жените треба да ги знаат

4. Понекогаш се тивки и има причини за тоа

Ако тој е тивок, тоа не значи дека неговата партнерка е виновна за нешто. Можеби е несреќен поради нешто, можеби размислува за некои важни работи, или пак едноставно нема што да каже во моментот. Девојките не мора да прават голема работа од моментот кога нему не му се зборува.

6 работи кои мажите ги мислат и ги прават а жените треба да ги знаат

5. Мажите немаат само еден тип на жена

На еден маж може да му се допаѓа секаква девојка. И висока и ниска, русокоса и бринета, полничка и слаба, со големи или мали гради, тивка или зборлеста… каква било. Кога мажот се обидува да сфати каков тип жени сака врз основа на тоа какви му се допаѓале во минатото, сфаќа дека сите тие имаат само една заедничка работа – сите се жени. Никој нема само еден тип кој му се допаѓа, како да е вљубен во некаков идеал кој го бара во реалниот свет. Жените имаат многу различни особини, сите се прекрасни и секоја од нив може да му се допадне на секој маж.

6 работи кои мажите ги мислат и ги прават а жените треба да ги знаат

6. Скоро сè што прават мажите го прават со цел да им се допаднат на жените

Мажите сакаат да ги импресионираат жените и се обидуваат да го постигнат тоа на секој можен начин. Не учи секој да свири гитара ниту вежба секој ден од чиста страст. Тој знае дека на тој начин ќе привлече девојки и затоа започнува со тоа. Тоа е многу силен мотив за да се направи што било од себе.

6 работи кои мажите ги мислат и ги прават а жените треба да ги знаат


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. JOhny Reply

    Za poslednoto ama bash vrska nema so imas napisano drugarce, koga kje si pronajdis strast togas mozis da pisis taka 😉

Напиши одговор на JOhny Откажи одговор