5 важни лекции за работата и кариерата кои постарите би сакале да ги знаете

5 важни лекции за работата и кариерата кои постарите би сакале да ги знаете

Автор: Ана Петровиќ

Професорот Карл Пилемер од американскиот универзитет Корнел се занимавал со анализа на животните искуства на луѓе во подоцнежните години. Тој направил истражување врз 1.500 лица на возраст од 70 до 100 години за неговата книга „30 Lessons for Living: Tried and True Advice from the Wisest Americans”, барајќи од нив да одвојат неколку лекции поврзани со работата и градењето на кариера, кои тие ги научиле од животните искуства. Еве неколку од нив:

5-vazhni-lekcii-za-rabotata-i-karierata-koi-postarite-bi-sakale-da-gi-znaete-kafepauza.mk

1. Изберете кариера која духовно ќе ве наградува, не финансиски. Најголемата грешка која луѓето ја прават е одбирањето на професија од која многу се заработува. Чувството дека имате цел во работата и страст да ја работите е многу поголемо од каква било плата.

2. Не се откажувајте од барањето работа која ве прави среќни. Според експертите, упорноста е клучна во наоѓање на работата од соништата. Не се откажувајте лесно!

3. Извлечете го најдоброто од лошата работа. Кога веќе работите одредена работа, нека не ви пропаѓа искуството. Ваквите искуства ќе ве научат на многу важни работи.

4. Развијте ги вашите интерперсонални вештини доколку сакате да бидете успешни во кариерата. Емоционалната интелигенција е важна дури и во најтехничките професии.

5. Секому му е потребна самостојност. Задоволството од работата честопати произлегува од слободата која ја поседувате на работното место. Потрудете се да се здобиете со слобода да донесувате самостојни одлуки и да се движите во правец за којшто вие сметате дека е вистинскиот, без притисок од надредените.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар