5 трикови за пролетно средување на плакарот: Одеднаш сè ќе биде на свое место

Ви предлагаме неколку совети како да ја извршите оваа задача што е можно поуспешно и побрзо.

5 трикови за пролетно средување на плакарот: Одеднаш сè ќе биде на свое место

Воопшто не е лесна задача да се ​​оддели зимската гардероба, па да се нареди пролетната, особено ако немате време заради вашите обврски.

Како и да е, во моментов сме сите дома, па токму ова е периодот кој треба да се искористи за темелно преуредување на домот, па меѓу другото и на вашата гардероба.

1. Брз преглед

Движете се од едната страна на плакарот до другата и веднаш извадете ги работите за кои сте сигурни дека нема да ги носите.

Некои од нив не се за пролет, па затоа треба да бидат преместени, додека други се веќе излитени.

Ако размислувате за некое парче облека повеќе од 10 секунди, тогаш сепак зачувајте го во вашиот плакар.

2. Зачувајте ги важните парчиња облека

Модата се менува, но секој од нас има неколку едноставни парчиња облека кои секогаш можат да се комбинираат со други модни додатоци и да изгледаат беспрекорно.

Овие модни „класици“ вклучуваат бела маица, црни деловни пантолони и јакна, па доколку не се оштетени, не заборавајте да ги зачувате во вашиот плакар.

3. Тест за „носливост“

Кога одлучувате што да оставите, а што да исфрлите, тестирајте ги преостанатите алишта во плакарот преку таканаречениот „тест за носливост“.

Запрашајте се дали тоа парче облека може да го комбинирате со најмалку 3 други алишта што ги имате во вашиот плакар.

Од друга страна, можете да го примените истото правило при купување облека кога размислувате дали навистина ви треба парчето што го сакате.

4. Проверете ја состојбата на облеката

Додека ги анализирате алиштата во вашиот плакар, запрашајте се какви се, или дали сè уште може да се носат.

Оштетените и распарани ткаенини, како и облеката со дамки и дупки е доволна индикација дека е време таа да се рециклира.

5. Дали навистина го сакате тоа парче облека?

Секоја жена има парче облека со кое таа е сентиментално приврзана и тешко ѝ е да се оддели од него. Можеби поради одреден значаен спомен од некој близок или некое парче облека што толку многу сакавме да го купиме и со мерак го износевме.

Меѓутоа, ако сте во дилема, запрашајте се дали би го купиле истото парче облека сега ако на него наидете во некој бутик.

Дали вашата облека се стеснила при перењето? Еве како да ја раширите на најлесен начин.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар