6 додатоци во исхраната што навистина може да го зајакнат имунитетот

6 додатоци во исхраната што навистина може да го зајакнат имунитетот

На имунолошкиот систем понекогаш му се потребни додатоци што ќе му помогнат во борбата против вирусот. Постојат илјадници додатоци во исхраната, но не се сите со добар квалитет. Најдобрите додатоци се оние кои не содржат компоненти што се штетни за организмот, а во продолжение прочитајте кои суплементи навистина можат да го зајакнат имунолошкиот систем.

6 додатоци во исхраната што навистина може да го зајакнат имунитетот

1. Цинк сулфат

Со недостатокот на цинк, секој вирус што ќе влезе во телото може да предизвика силен имунолошки одговор. Белите крвни зрнца добиваат сигнал дека треба да го „уништите непријателот“, што е добро ако организмот има доволно цинк, бидејќи благодарение на овој минерал, вирусите стануваат помалку активни и тој му овозможува на имунолошкиот систем побрзо да ги неутрализира. Со недостатокот на цинк, симптомите ќе бидат поинтензивни и болеста ќе трае подолго. Цинкот ги одбива и ги ослабува патогените микроорганизми, а цинк сулфатот е додаток кој му помага на имунолошкиот систем да се бори против болестите.

2. Витамин Б12

Речиси на секој современ човек му недостасува овој витамин. Недостатокот на овој витамин ги создава сите услови за влошување на здравјето и не е важно каква храна консумира личноста. Додатокот на витамин Б12 е неопходен за да се спречи развојот на многу болести, особено на вирусните заболувања. Исто така, овој витамин го зајакнува нервниот систем и го штити мозочното ткиво.

3. Витамин Ц

Овој витамин е антиоксидант кој го храни имунолошкиот систем. Многу вируси се многу чувствителни на овој витамин, а освен тоа, тој ги штити клетките од оксидација и може да ги уништи патогените микроорганизми. Исто така, витаминот Ц го спречува развојот на воспалителни процеси во организмот и помага да се зголеми бројот на белите крвни зрнца во крвта. Консумирањето на овој витамин е особено препорачливо кај луѓето со хронични заболувања.

4. Мачкини канџи

Оваа билка е моќно антивирусно средство кое содржи фитохемиски соединенија и е особено корисно за респираторни инфекции, болка во ушите, мигрена и проблеми со уринарниот систем. Секојдневната употреба на мачкиниот нокт (без алкохол во составот) значително ќе ви го подобри здравјето.

5. Л-лизин

Л-лизинот е есенцијална аминокиселина која го спречува размножувањето на вирусите што веќе ги има во организмот и спречува инфекција со нови вируси.

6. Спирулина

Спирулината содржи природен јод и дејствува на патогените клетки како антисептик. Го спречува ширењето на вирусот и го зајакнува имунолошкиот систем.

Забелешка: Пред употреба на додатоците во исхраната, треба да се консултирате со вашиот лекар.

Прочитајте која храна треба да ја избегнувате за да спречите развој на вирусите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар