5-те најголеми предизвици со кои се соочуваат самохраните мајки

5-те најголеми предизвици со кои се соочуваат самохраните мајки

Според извештај од 2014-та година, 17% од децата ширум светот на возраст помеѓу 0 и 14 години живееле во семејство со еден родител. Извештајот исто така покажал дека 88% од овие домаќинства биле водени од самохрани мајки.

5-те најголеми предизвици со кои се соочуваат самохраните мајки

Самохраното родителство воопшто не е лесно, особено за жените, најмногу поради емоционалните, биолошките и финансиските разлики. Статусот на самохран родител може да биде вистински предизвик за жените. Но со подигањето на свеста на луѓето, за жените е подобро да одберат да бидат самохрани родители наместо да останат во токсични и опасни врски.

Сепак, самохраното мајчинство доаѓа со низа предизвици, а во продолжение погледнете како можете да се справите со нив.

1. Финансиски проблеми

Со деца за коишто треба да се грижат и недостаток од партнер кој може да им помогне за време на финансиската криза, самохраните мајки се во навистина незгодна ситуација. Често се верува дека самохраните мајки добиваат помош од власта, но реалноста не е секогаш таква. Другите фактори, како нееднаквоста во платата помеѓу половите, исто така го зголемува проблемот. Самохраните мајки треба да се грижат за домаќинството и да работат, па не им останува многу време за учење или за грижа за сопственото здравје.

Што можете да направите?

Без разлика колкава е вашата плата, една од стратегиите што можете да ги пробате е планирање буџет. Некои експерти сметаат дека заштедата што ќе ги покрие сите трошоци како здравство и образование е добра насока кон која треба да се движите.

Исто така добро е да им кажете на децата за вашите финансии и колку можете да си дозволите. На овој начин ќе имате отворен комуникација и ќе постои разбирање. Развивањето план за подобра плата е исто добар пристап кој ќе ви ја задржи амбицијата и ќе ви даде надеж.

2. Внатрешно критикување

Кога жените ќе станат самохрани мајки, неретко сè уште се водат по замислата за „совршено“ семејство. Поради ова, ги гледаат нивните околности низ оваа леќа. Ова значи дека отсуството на машка фигура, која ќе биде татко, го чувствуваат многу посилно, а одовде се раѓаат сомнеж и вина. Самохраните мајки постојано се прашуваат дали прават доволно за нивните деца, дали би биле подобри родители доколку имале партнер и дали се добри мајки воопшто.

Што можете да направите?

Пишувањето дневник е лесен метод каде што ќе ги забележите вашите мисли и чувство на вина. Доколку си овозможите малку време и простор, пишувањето може да ви открие од каде потекнува чувството на вина. Штом ќе откриете, ќе сфатите дали е реално или не. Потоа ќе знаете што треба да преземете за да се ослободите од него.

Често, вината е придружена и со други чувства, како одбивност и тага. Обидете се да ги идентификувате овие и другите чувства, а потоа најдете го нивниот извор и работете на тоа.

3. Гнев

Прекинувањето на врската или справувањето со починат партнер доаѓа со свој товар. Гневот со којшто не сте се справиле е чест исход, особено кај мајките кои поминале низ тежок развод. Новите прилагодувања, заедно со овозможувањето на живот во кој децата можат да созреваат може навистина да ве истроши. Во многу случаи, самохраните мајки развиваат проблеми со гневот, па дури и го истураат врз нивните деца без да сакаат.

Што можете да направите?

Проблемот со гневот, особено оној што не сте го искажале, може да ве натера да направите чекор назад. Од каде потекнува овој гнев? Дали е бидејќи сè правите сами и немате ваш простор? Дали е поради стресот од работата, грижата за домот и грижата за себе кои стануваат премногу за вас? Дали е бидејќи децата одбиваат да ве слушаат?

Разговарајте со некој на којшто му верувате. Зачленете се во теретана и ослободете се од гневот. Доколку имате можност и ресурси, одете на терапија и овде ќе го откриете коренот на вашиот проблем.

4. Социјална изолација

Кај самохраните мајки, поголемата одговорност е многу нормална. Но без поддршка од дома, од страна на личност со која ќе ги поделите работата и финансискиот и емоционалниот товар, нормално е да почнете да се чувствувате изолирано. Можеби прескокнувате ручеци, покани од семејството и воопшто не излегувате со пријатели или колеги.

Ова може да биде навистина тешко, особено ако сте личност на која не ѝ е потребно многу време насамо. За некои самохрани мајки, сето ова е дури депресивно.

Што можете да направите?

Почнете да ја гледате вашата недела како структура која има подвижни елементи, но и нешта кои можете да ги направите поразлично. Ова ќе ви помогне да одвоите слободно време за вас.

Следниот чекор е да размислите како сакате да го испланирате вашето слободно време. Дали сакате да научите некоја нова вештина, или пак да се вклучите во некој клуб на читатели? Со разбирање и сочувство, одлучете што сакате да правите и најдете време за тоа.

5. Интензивен замор

Работа, дом, здравје, намирници, деца, училиште, патување, поправки, итни случаи… Листата навистина нема крај кога станува збор за самохраните мајки. Распоредите можеби им оставаат слободни викенди на другите, но не и на самохраните мајки. Овој начин на функционирање, без сомнение, ќе предизвика екстремен стрес, па дури и болести.

Што можете да направите?

Разговарајте со вашите деца и кажете им дека одвреме-навреме и вам ви потребен одмор и време за себе. Иако можеби ќе бидат изненадени, овој разговор ќе им ги намали очекувањата. Направете неделен план и држете се до него, а истото важи и за викендите.

Доколку забележите дека давате повеќе отколку што можете, време е да поставите и граници.

Животот на самохрана мајка не е нешто што повеќето можат да си го замислат, особено ако никогаш не биле во слична положба. Сепак, со малку труд и помош од вашите деца, можете да го преживеете самохраното родителство.

Погледнете го и ова отворено писмо што треба да го прочита секоја самохрана мајка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар