Огромен интерес за производите на Макпрогрес на ISM 2018 - најголемиот светски саем за кондиторски производи

Огромен интерес за производите на Макпрогрес на ISM 2018 – најголемиот светски саем за кондиторски производи

Макпрогрес имаше успешно саемско претставување на најголемиот светски саем за кондиторски производи – ISM 2018 во Келн, Германија. Со постоечките дистрибутери и партнери беа продлабочени односите, а беа остварени и нови контакти со потенцијални дистрибутери од Блискиот и Далечниот Исток, Северна Африка, Јужна Америка како и од развиените западно-европски држави.

Огромен интерес за производите на Макпрогрес на ISM 2018 - најголемиот светски саем за кондиторски производи

Четири дена саемските хали во Келн наликуваа на свет од бајките направен од вкусни слатки и неодоливи грицки. А меѓу посетителите имаше добавувачи, сопственици на фабрики за храна и хипермаркети, консултанти, нутриционисти, технолошки експерти, слаткари и пекари.

Макпрогрес како компанија со интернационално портфолио и извоз во повеќе од 55 земји ширум светот, по 14-ти пат зеде учество на овој саем. Компанијата го претстави својот богат асортиман на производи од брендовите Винчини, Дониа, Армониа и Натура. На саемот се промовираше и новиот член на семејството Макпрогрес – брендот Fantasia како и новата комплетна понуда на традиционални локуми под брендот Дониа, кои воедно предизвикаа и најголем интерес кај посетителите. Брендот Fantasia за неколку недели ќе има и официјална промоција на македонскиот пазар.

Огромен интерес за производите на Макпрогрес на ISM 2018 - најголемиот светски саем за кондиторски производи

„ISM Келн 2018 (International Sweets and Biscuits Fair) е центарот на кондиторската индустрија. Оттука започнуваат трендовите и тенденциите во индустријата и несомнено, нема подобра можност за интернационално вмрежување и претставување. Макпрогрес настојува да биде светски препознаен квалитет застапен на интернационалните пазари. Токму затоа ние не пропуштаме да ги следиме овие големи настани во индустријата. Ни следат уште две големи саемски претставувања Fancy Food Show во New York и саемот за храна и пијалоци SIAL во Париз. Саемите даваат инспирација за нови иновативни производи, знаење за подобрување производството, отвораат нови перспективи и можности за освојување на нови пазари.“ – изјави Глигор Цветанов, извршен директор на Макпрогрес, кој секоја година и лично е присутен на овој исклучително важен настан.

Со 86% странски изложувачи, од над 150 земји, ISM е најголемиот интернационален саемски настан во светот на кондиторската индустрија.

Огромен интерес за производите на Макпрогрес на ISM 2018 - најголемиот светски саем за кондиторски производи Огромен интерес за производите на Макпрогрес на ISM 2018 - најголемиот светски саем за кондиторски производи Огромен интерес за производите на Макпрогрес на ISM 2018 - најголемиот светски саем за кондиторски производи Огромен интерес за производите на Макпрогрес на ISM 2018 - најголемиот светски саем за кондиторски производи


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар