5 работи што мажите не ги прават кога се заљубени

5 работи што мажите не ги прават кога се заљубени

Кога ќе почнете да се заљубувате во некого, првото нешто што се прашувате е дали и тој ги има истите чувства кон вас. За да го откриете тоа, треба да забележите како тој се однесува кон вас. Овие знаци ќе ви откријат дали вашето момче ве сака, односно мажите никогаш не ги прават овие 5 работи кога се заљубени.

5 работи што мажите не ги прават кога се заљубени

1. Не ви одговара на пораките и на повиците

Мажот кој е вистински заљубен во вас, ќе ви одговори на телефонскиот повик или на пораките, дури и ако неговиот омилен бенд свири во локалниот бар или бил на вечера со пријателите.

Човекот кој е заљубен во вас сака да биде во контакт со вас колку што е можно повеќе. Ако е заљубен, тој ќе го чува телефонот во близина за да може да ви одговори кога ќе го побарате.

Ако вашето момче постојано има изговори зошто не одржува контакт, обрнете внимание. Неговите изговори може да ви откријат дека тој не е многу заинтересиран за вас.

2. Потребен му е простор

Кога мажот е заљубен, сака да биде со својата партнерка колку што е можно повеќе и ќе направи сè за да се случи тоа.

Ако партнерот одеднаш ви рече дека му треба простор, тоа значи дека постојат некои работи што треба да ги дознае, а дел од тие работи го вклучуваат и непријатното чувство што тој го има затоа што не се заљубен во вас. Всушност, тој веројатно сака да се раздели со вас, но не знае како да го стори тоа.

Ако вашиот маж бара простор, дајте му простор засекогаш.

3. Ве критикува

Дали вашиот партнер го критикува вашиот стил на облекување или пријателите со кои се дружите? Дали се жали за начинот на кој ја чистите куќата или за тоа како го паркирате автомобилот?

Ако одговорот е „да“, бегајте!

Ако тој е навистина заљубен во вас, верува дека сте совршени и никогаш нема да ве критикува. Освен тоа, тој ќе застане во ваша одбрана доколку некој друг се осмели да ве критикува.

Човекот кој ве критикува не ве сака, тој сака да ве контролира.

4. Излегува со други жени кога би можел да биде со вас

Се разбира, повеќето луѓе имаат пријатели од спротивниот пол и тоа е во ред, но ако вашиот партнер избере да го помине времето што би можел да го поминува со вас со други жени, тој веројатно не е вистинскиот човек за вас.

Поминувањето време со други жени, особено со жени со кои не биле пријатели пред да ве запознае е нешто што не го прави човекот што е заљубен во вас.

Затоа, не верувајте во „ние сме само пријатели“. Ако тој избере да помине време со друга жена кога би можел да го поминува тоа време со вас, време е да продолжите понатаму.

5. Не ве прави приоритет во својот живот

Да бидете приоритет не значи дека партнерот треба постојано да биде со вас и да не поминува време со пријателите, туку да ве земе предвид при донесувањето важни одлуки.

Дали партнерот ги става вашите потреби и чувства на прво место? Ако го прави тоа, потрудете се да го задржите во својот живот.

Прочитајте кои 10 знаци укажуваат дека вашиот партнер е подготвен за долга врска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар