5 работи на кои треба да им кажете „НЕ“ во новата година

5 работи на кои треба да им кажете „НЕ“ во новата година

Многу е важно да знаете кога треба да кажете „Не“. Честопати ги забораваме придобивките кои ги носи овој збор ако го употребуваме правилно. Тој може да ви помогне да се ослободите од негативните мисли кои ви предизвикуваат стрес. Ова се 5-те работи на кои треба да им кажете „Не“ во новата година за да станете посреќни…

5 работи на кои треба да им кажете „Не“ во новата година

1. „Не“ за самосожалувањето

Никој не сака луѓе кои постојано се жалат и зборуваат лошо за себеси. На тој начин ширите негативна енергија која сите околу вас можат да ја почувствуваат. Треба да се ослободите од нештата што ви се непријатни и ве прават несреќни, бидејќи во спротивно тие можат да ве заробат на место од кое ќе ви се чини како да нема излез. Другите ќе почнат да ве одбегнуваат, а вие полека ќе тонете во вашето самосожалување.

2. „Не“ за споредбите

Сигурно сте чуле досега дека секогаш треба да бидете оригинални и свои. Во ред е да честитате некому за неговиот животен напредок, но немојте неговите достигнувања да ги сметате за ваши неуспеси. Не станува збор за натпревар. Секој се движи низ животот во свое темпо. Замислете се колку би било досадно кога сите би ги правеле и постигнувале истите работи! Не се споредувајте со другите, бидејќи вие имате свое „јас“ и поразлични сте од останатите. Поради тоа, не можете да очекувате дека ќе ги имате истите работи како луѓето околу вас.

3. „Не“ за сомневањето во себеси

Сомнежот понекогаш е неизбежен ако се обидувате да постигнете нешто што ви е непознато и никогаш претходно не сте го правеле. Треба да соберете храброст и да се соочите со пречките кои несомнено ќе ви се најдат на патот. Доколку сте навистина упорни, трудот нема да ви биде залуден. Достигнувањето на целта почнува од оној глас во вашата глава кој ви вели дека мора да почнете од некаде.

5 работи на кои треба да им кажете „Не“ во новата година

4. „Не“ за токсичните луѓе

Нема ништо полошо од луѓе кои се обидуваат да ве спуштат на нивно ниво само за да не се чувствуваат осамени таму каде што се наоѓаат. Доколку некој ви е вистински пријател, без оглед на тоа колку лошо се чувствува, тој нема да ви го попречи патот до успехот. Никогаш немојте да се чувствувате виновни поради туѓиот неуспех во животот. Секој си е одговорен сам за себе и немате обврска да ги слушате туѓите жалби и поплаки.

5. „Не“ за занемарувањето на сопствените потреби

Ова е можеби најважно за да го победите негативното размислување. Негативните мисли владеат со луѓето бидејќи тие не се свесни за она што ги прави вистински среќни или тажни. Целиот живот се обидуваме да ги исполниме туѓите очекувања и потреби само за да бидеме прифатени. Не заборавајте дека треба да се фокусирате на вашите желби, а не да ги игнорирате само затоа што другите не ги одобруваат. Правете го она што го сакате и грижата за себе секогаш нека ви биде на прво место.

Негативното размислување нема влијание само на нашиот поглед кон светот, туку и на начинот на кој реагираме и ги доживуваме човечките искуства. Она што треба да го оставите зад себе во новата година е токму негативното размислување. Почесто кажувајте „Не“ и веднаш ќе ги забележите промените во вашиот живот и расположение.

Во продолжение прочитајте ги и овие 7 едноставни начини да кажете „не“.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар