Како да откриете кои промени треба да ги направите во новата 2017 година?

Како да откриете кои промени треба да ги направите во новата 2017 година?

Поминаа 9 дена од почетокот на новата година и сигурно досега сте се обиделе да внесете одредени промени во животот. Веројатно сѐ уште сте полни со ентузијазам, подготвени да ги совладате сите пречки што ќе ви се најдат на патот. Но, застанете за момент и размислете. Дали навистина треба да направите толку многу промени?

Како да откриете кои промени треба да ги направите во новата 2017 година?

Вие не правите ништо лошо, само имате некои лоши навики. Најважно е сепак да останете доследни на самите себеси и да не се менувате од корен. Меѓутоа, како да откриете дали треба да се фокусирате на неколкуте лоши навики што ги имате или ви треба комплетна трансформација? Тоа зависи од вашиот начин на планирање и поставување цели. Во продолжение дознајте дали сте екстремист или реалист.

Екстремисти

Екстремистите обично поставуваат цели поврзани со одржувањето на нивната форма, па затоа тие уште веднаш почнуваат да ја посетуваат салата за вежбање. Тие одат на сѐ или ништо. Екстремистите можат да донесат и решение дека оваа година повеќе ќе уживаат во животот, а помалку ќе работат. Па, затоа не е ни чудно што нивните планови вклучуваат започнување сопствен бизнис со сопствено работно време.

Нема ништо погрешно со ваквиот пристап кон животот. Можеби нема сите да успеат да ги остварат овие екстремни планови, но не е невозможно. Овие луѓе се екстремисти во сите животни области, така што тие се многу забавни и можат да постигнат огромен успех.

Како да откриете кои промени треба да ги направите во новата 2017 година?

Реалисти

Главната цел на реалистите е да уживаат во животот и да не се нервираат за ситници. Како што можете да забележите, оваа цел е многу општа, но тоа е така со причина. Тие не прават конкретен план, бидејќи тоа воопшто не им е целта. Тие се стремат кон тоа навистина да станат посреќни. Веруваат дека ќе си го подобрат животот ако внесат мали промени.

И екстремистите ја имаат истата главна цел да бидат посреќни, но тие веруваат дека треба направат поголем план и тука е разликата. И реалистите сакаат да ослабат и да уживаат во животот, но не одат на сѐ или ништо. Тие ќе бидат задоволни ако стигнат до 31-ви декември 2017 посреќни одошто биле во 2016.

Поентата е дека можете да правите буквално што сакате. Ако сакате да направите екстремен план, направете го тоа. Но, во ред е и ако решите дека ќе одите во салата за вежбање повеќе во текот на месецот за разлика од претходно. Сите планови се добри, бидејќи сите имаат иста цел: Да го подобрат начинот на живеење. Без оглед на тоа во кој тип луѓе припаѓате, важно е да запаметите дека не треба да чувствувате потреба да се претворите во некоја сосема нова личност.

Живејте онака како што сакате. Ова е полесно да се каже отколку да се направи, но ако постои нешто во вашиот живот што навистина ви причинува незадоволство, барем обидете се да преземете нешто за да го промените тоа. Имате уште 356 дена за да ја достигнете вашата крајна цел. Не се вознемирувајте ако ви треба повеќе време од планираното. Не заборавајте дека ако сакате да се движите во вистинската насока, секогаш треба да работите на себе и на вашиот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар