7 едноставни начини да кажете „не“

7 едноставни начини да кажете „не“

Дали ви е непријатно да кажете „не“ кога некој ќе побара нешто од вас? Дали секогаш се трудите да бидете љубезни со сите и покрај тоа што на тој начин си наштетувате себеси? – Не сте единствени. Причината поради која не сакате да кажете „не“ лежи во тоа што сакате да им помагате на другите, не сакате да бидете некултурни и дрски, сакате да сте во добри односи со сите, да избегнете конфликт или можеби стравувате дека ако вие не излезете во пресрет, никој нема да биде со вас, кога вам ќе ви биде потребна поддршка.

0-7-ednostavni-nacini-da-kazete-ne-kafepauza-200x300

Верувајте, ништо не е така црно-бело. На крајот на краиштата, последиците од вашето одбивање ќе зависат од начинот на кој сте рекле „не“, а не фактот дека некого сте одбиле. Стравот да одбиете да направите нешто е во вашата глава, а во реалноста луѓето ќе ве разберат, ако умеете да се изразите на вистинскиот начин.

Доколку не сте сигурни како треба да постапите, одберете некоја од следниве техники која најмногу одговара на вашата ситуација:

7 едноставни начини да кажете „Не“ 1. „Немам време да се посветам на тоа што го бараш од мене, бидејќи имам други приоритети во моментов, како што се …“. Ако сте навистина зафатени и немате време да го направите тоа што го бараат од вас, со оваа реченица личноста ќе сфати дека вашиот распоред е преполн и ќе мора да се повлече.

2. „Сега не е вистинскиот момент за тоа, зафатен/а сум со нешто. Може да се чуеме друг ден?“ Понекогаш не сте во можност да трчате наоколу помагајќи им на сите, бидејќи имате некоја друга битна работа да завршите. Со оваа техника, она што го бараат од вас ќе го ставите на пауза и ќе го одложите за некој друг момент, кога вам ќе ви одговара.

3. „Навистина би сакал/а, но…“ Употребете ја оваа реченица кога нечија идеја ви се допаѓа, но поради различни потреби и приоритети не сакате да ја прифатите. Ова е културен начин да одбиете и нема ништо лошо во тоа..7 едноставни начини да кажете „Не“

4. „Да размислам, па ќе ти одговорам на прашањето“. Ако се наоѓате во ситуација во која некој ви предлага нешто што ви звучи одлично, но не сакате да се истрчате да кажете „да“ пред да размислите, употребете ја оваа техника. Ако личноста е искрена во врска со предлогот, ќе има желба да ве почека додека се одлучите.

5. „Тоа не е во согласност со моите сегашни потреби, но ќе те имам на ум за во иднина“. Ако некој сака со вас да се договори за нешто што тотално не одговара на вашите потреби, тогаш јасно кажете му го тоа. Во спротивно, дискусијата може да трае подолго отколку што би сакале. Со тоа што и кажувате на личноста дека ќе ја имате предвид идејата за во иднина, сигнализирате дека сте отворени за други ситуации.

6. „Верувам дека јас не сум вистинска личност која може да ти помогне. Зошто не ја/го прашаш …?“ Доколку вие немате начин да му помогнете некому, дајте му на знаење дека се обратил на погрешна личност. Ако познавате некој кој би можел да му помогне, посочете ја таа особа.

7. „Не, не можам“. Ова е најлесниот и најдиректниот начин да кажете „не“. Постојат многу бариери во нашиот мозок кои не спречуваат да ги одбиваме туѓите барања, но тие воопшто не се реални. Не размислувајте многу како да одбиете, туку едноставно сторете го тоа! Ќе бидете изненадени кога реакцијата од спротивната страна нема да биде ни половина лоша, од таа што сте си ја замислувале.
 
7 едноставни начини да кажете „Не“Научете како да кажете „не“ на работи кои не одговараат на вашите потреби и кога еднаш ќе го направите тоа, ќе сфатите всушност колку било лесно. На тој начин ќе добиете повеќе време за себе, за вашата работа и за нештата кои ви се најбитни.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар