4 начини да останете смирени ако сте во брак со хипохондрик

Не е лесно да се биде во брак со хипохондрик. Познато ви е колку многу се жалат мажите кога ќе настинат? Помножете го тоа со илјада! Ако им влезе прашинка во окото, хипохондриците веднаш бараат да ги однесете во болница. Вашето дете се изгребало од нешто на игралиштето? Тие веднаш пребаруваат на Гугл каква вакцина треба да примат! Но, постои граница помеѓу тоа да потхранувате нечија анксиозност и целосно да игнорирате нечија болка. Во секој случај, постојат неколку начини на кои можете да имате здрава врска со хипохондрици. Прочитајте за што станува збор…

4 начини да останете смирени ако сте во брак со хипохондрик

1. Имајте на ум дека тој не се преправа

Хипохондријата е всушност неоснован страв од болести и подразбира појава на голема анксиозност. Станува збор за вистинско психолошка состојба, еден вид на опсесивно-компулсивно нарушување, кое честопати се поврзува со анксиозност и депресија. Можеби ќе можете да станете поемпатични ако ги гледате неговите панични напади поради измислениот тумор на мозокот како симптоми на вистинска болест, само не таа што тој е убеден дека ја има.

2. Поставете граници

Многу е стресно да поминувате време со човек кому постојано му треба вашата помош, но и да се грижите за тоа дали тој е навистина сериозно болен овој пат. Ако докторите не можат да најдат причина за загриженост, тогаш треба да му дадете до знаење на вашиот партнер дека треба да побара помош од психотерапевт. Можете да му помогнете на тој начин што ќе го потсетувате дека неговите симптоми се производ на неговата психичка состојба. Охрабрете го да ги искаже своите стравови поврзани со здравјето, но не му се придружувајте. Дајте му поддршка, но покажувајте претерана грижа и обидете се да останете неутрални. Објаснете му дека ја разбирате неговата битка, без да ги поттикнувате неговите опсесивни мисли. Откако ќе го ислушате, слободно можете да ја смените темата.

4 начини да останете смирени ако сте во брак со хипохондрик

3. Заштитете се себеси

Помалку познат факт за хипохондриците е тоа дека тие не си кажуваат само себеси дека имаат алергии, епилепсија и рак, туку сакаат да ги убедат другите дека и тие ги имаат истите болести. Тие што се романтично поврзани со хипохондриците се најизложени на оваа зараза. Ако постојаните грижи на вашиот сакан влијае на вашето мислење, разговарајте со некого, со експерт или со пријател, за да добиете објективно мислење. Истите техники што ги користите за да му помогнете да се справи со анксиозноста и да направи разлика помеѓу чувствата и фактите, можат да ви помогнат и вам.

4. Љубовта е најдобриот лек

Некои доктори веруваат дека хипохондријата е генетска болест. Други велат дека се јавува по некаква семејна трагедија или лична загуба. Во секој случај, кога вашиот партнер би можел да ја контролира, би го сторил тоа. За жал, луѓето понекогаш се лутат и фрустрираат, па дури и осудуваат кога си имаат работа со некој кој се плаши од болести. Многу покорисно е да го прифатите неговото страдање и да го охрабрите вашиот сакан да побара стручна помош. Од огромно значење е членовите на семејството и најблиските пријатели да соработуваат со анксиозната личност за да ѝ помогнат да се излечи.

За да подобро да го сфатите вашиот сакан кој страда од ова нарушување, прочитајте ги следниве 15 нешта кои само најголемите хипохондрици ќе ги разберат.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар