4 модерни и впечатливи тексас трендови што ќе го одбележат почетокот на есен 2018

Дали некогаш сте помислиле да комбинирате тексас здолниште или комбинезон за време на есенските денови, но сте се спречиле бидејќи тоа едноставно не било во „тренд“? Ако одговорот е позитивен, со задоволство ве известуваме дека во текот на првите поладни денови ќе се носат токму овие комбинации. Заборавете на размислувањето и двоумењето и слободно наполнете го вашиот шкаф со многу тексас парчиња облека.

Асиметрично здолниште

Најдоброто нешто кај овој модел е што можете и самите да го направите од стари фармерки. Ако сметате дека не сте доволно вешти, или пак, немате фармерки што би ги исекле, можете да го најдете ова здолниште во скоро секој бутик.

Фармерки позајмени од момчето

Слободно побарајте му ги сите оние фармерки што веќе не ги носи, однесете ги на мала поправка на шивачка (стеснување кај каишот) и ќе ги добиете сè попопуларните „boyfriend jeans“ со коишто ќе владеете на социјалните мрежи како Инстаграм.

Бохо тексас здолниште

Доколку не сакате да имате едноставно или класично тексас здолниште, тогаш слободно збогатете ги оние модели што веќе ги имате во шкафот со интересни мотиви и ќе добиете уникатно парче облека што оди на секоја комбинација.

Тексас комбинезон

Практично, привлечно, модерно и задолжително за првите есенски денови!

Дознајте и која е најпопуларната боја за коса за есен 2018 година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар