3 вкусни грицки за „лапање“ без грижа на совест

3 вкусни грицки за „лапање“ без грижа на совест

Додека седиме пред телевизорот, често сакаме нешто да грицкаме, па обично посегнуваме по купечките чипсови кои секако носат низа нус појави од кои некои ќе станат брзо видливи околу стомакот и на колковите. За да ги избегнете овие последици, а сепак да уживате во гледањето телевизија, подгответе здрави грицки. Потребни ви се само основни состојки и вашите омилени зачини за да ги претворите во незаменлива закуска, која ќе сакате редовно да ја приготвувате. Еве 3 супер рецепти.

1. Чипс од кељ

Доволно солена и нискокалоричена закуска, а сепак многу поздрава алтернатива на чипсот од компир, оваа грицка потекнува од Америка и веќе е прогласена за суперхрана. Изобилува со антиоксиданси, влакна и омега 3 масни киселини.

1-3-vkusni-gricki-za-lapanje-bez-grizha-na-sovest-kafepauza.mk

Начин на подготовка:

Измешајте 2 лажици јаболков оцет со 2 лажици маслиново масло и со тоа прелијте ги издвоените ливчиња кељ. Распоредете ги листовите на мрсна хартија и ставете ги во рерна на 175 степени Целзиусови. Сушете ги 10-ина минути додека рабовите не станат малку кафеави. На крајот посипете малку сол.

2. Печен наут

Наутот се вбројува во најздравите намирници на светот, тој содржи голема количина на диететски влакна, што го прави скапоцен за здравјето на срцето и системот за варење. Содржината на растворливи влакна го прави одлична намирница која помага и во одржување на здравото ниво на шеќер во крвта, исто така е и важен извор на белковини и одличен избор во улога на закуска.

2-3-vkusni-gricki-za-lapanje-bez-grizha-na-sovest-kafepauza.mk

Начин на подготовка:

Потопете ја саканата количина наут и оставете ја преку ноќ. Потоа исцедете ја водата и во нова вода варете ја околу 10 минути. Сварениот наут процедете го, исушете го и додадете му маслиново масло. Ставете го во тепсија обложена со мрсна хартија и печете околу 40 минути на 180 степени Целзиусови. Кога ќе се испече наросете сол, бибер и други зачини по избор како чили, босилек и сл.

3. Пуканки

Пуканките се здрава алтернатива на чипсот и крекерите. Освен што се богати со полифеноли и имаат малку калории, пуканките и се и целозрнести житарки. Конзумирањето повеќе целозрнести житарки е поврзано со намален ризик од срцеви болести, дијабетес и некои видови рак.

Но, треба да се внимава при изборот на пуканките бидејќи не се сите здрави. Некои кои се наменети за подготовка во микробранови се натопени со путер и содржат вештачки или нездрави состојки.

3-3-vkusni-gricki-za-lapanje-bez-grizha-na-sovest-kafepauza.mk

Начин на подготовка:

Како најздрав начин за нивна подготовка се препорачува ставање на целите зрна во тенџере и додавање неколку капки масло како што тоа го прават нашите баби. Вкусот на пуканките може да се збогати со пармезан или чили.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар