3 бои што ќе доминираат ова лето

Секое лето нè изненадува со некој нов тренд кој ги враќа боите што малку сме ги заборавиле или не биле присутни на модната сцена во текот на изминатите сезони. Овојпат станува збор за летни, женствени, нежни и софистицирани бои.

1. Нежна пастелна жолта боја

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FASHION COQUETTES | FC (@fashioncoquettes) on

Нежната жолта нијанса е апсолутен хит оваа сезона. Оваа боја изгледа совршено на летни фустани, раскроени здолништа, но и на шорцови, блузи, па дури и на тенки летни џемпери.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SAMANTHA LAUREN (@whatwouldkikiwear) on

Покрај пастелно жолтата боја, во мода се и посилната жолта боја и бојата на лимон, а овие нијанси добро се комбинираат со светли бои, особено со белата и даваат свеж и софистициран изглед. Ако се одлучите за парче во пастелно жолта боја, нема да погрешите, особено ако имате темен тен. Исто така, чантите во оваа нијанса се апсолутен хит, но и лентите за коса, венчињата, марамите итн.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JULIE SARIÑANA (@sincerelyjules) on

2. Боја на лаванда

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @fashion4perfection on

Нежните нијанси на лаванда изгледаат женствено и секси и може да ја освежат целата комбинација само со еден детаљ. Оваа боја е најзастапена на долгите плисирани здолништа, на раскроените фустани, на блузите со прерамки, но и на други парчиња облека.

3. Ментол боја

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JULIE SARIÑANA (@sincerelyjules) on

Оваа нијанса најдобро се комбинира со бела, кремова или црна боја. Ментол бојата е застапена на многу парчиња облека, но многу повеќе ја има кај додатоците – чанти, еспадрили, костими за капење итн.

Погледнете ги овие 10 идеи за стилизирање на најженственото парче облека ова лето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар