Освежете го плакарот со нова чанта! Откријте кои модели на чанти ќе бидат во тренд во сезоната есен/зима 2021

Освежете го плакарот со нова чанта! Откријте кои модели на чанти ќе бидат во тренд во сезоната есен/зима 2021

Моделите на чанти за оваа зима се шик, елегантни, функционални, но и необични. Тие се комбинација од сè што ни е потребно за да ги освежиме парчињата облека оваа сезона. Помина речиси повеќе од еден месец откако се збогувавме со плетените чанти и светлите бои што беа хит ова лето. Со доаѓањето на есента, а наскоро и на зимата, неизбежно е менувањето на гардеробата, а со тоа и на додатоците. Од нив, секако, најпотребна ни е чантата. Проверете кои модели ќе бидат во тренд оваа сезона.

1. „Bucket“ (букет) чанта

Овој модел на чанта е сè повеќе популарен, особено кај помладата популација, па затоа оваа сезона е задолжителен. Сите нијанси и големини се во мода и совршено се вклопуваат со речиси сите комбинации на облека.

osvezhete-go-plakarot-so-nova-chanta-otkrijte-koi-modeli-na-chanti-kje-bidat-vo-trend-vo-sezonata-esen-zima-2021

2. Кружна чанта

Оваа чанта се одликува со разиграна форма и е во мала предност оваа сезона во споредба со овалните чанти. Најдобро од сè е што може да се носи со деловна облека, а совршено одговара и за ноќно излегување.

Освежете го плакарот со нова чанта! Откријте кои модели на чанти ќе бидат во тренд во сезоната есен/зима 2021

3. Чанта во облик на полумесечина

Особено популарна оваа сезона, чантата во облик на полумесечина ќе ви даде шик изглед. Овој модел е модерен и удобен, и за кратко време успеа да ги освои срцата на многу следбенички на модата како и инфлуенсерки.

Освежете го плакарот со нова чанта! Откријте кои модели на чанти ќе бидат во тренд во сезоната есен/зима 2021

4. Овална чанта

Иако овој модел се карактеризира со необична форма, сепак остава впечаток на класика, а тоа е сосема доволно за да одговара на тековните трендови. Нема да се покаете доколку се одлучите за ваков модел затоа што подеднакво може да се вклопи во сите комбинации, без разлика дали станува збор за дневно или ноќно излегување.

Освежете го плакарот со нова чанта! Откријте кои модели на чанти ќе бидат во тренд во сезоната есен/зима 2021

5. Преголеми чанти

Овој модел на чанта е хит и оваа сезона. Како што кажува името, оваа чанта е доста практична затоа што може да собере буквално сè што ви е потребно што ја прави да биде вонвременска.

Освежете го плакарот со нова чанта! Откријте кои модели на чанти ќе бидат во тренд во сезоната есен/зима 2021

Откако откривте кои модели на чанти ќе бидат во тренд оваа сезона, можеби ќе сакате да дознаете и кои 5 модели на чизми се хит оваа есен.

Извор: lepotaizdravlje.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар