12 животни лекции кои ги научивме од нашите баби

12 животни лекции кои ги научивме од нашите баби

Бабите се многу значајни личности во животот на секој човек. Оние луѓе кои ја имале таа среќа и привилегија да растат покрај баба, знаат каква топлина зрачела од неа, со колку љубов и грижа ги гледала своите внучиња. Јадењата на баба секогаш биле највкусни, а нејзиниот дом бил полн со мириси кои се длабоко врежани во сеќавањата. Бабите се олицетворение на мудрост. Животот ги научил на многу нешта, а тие несебично им делат најискрени совети на своите најмили. Кога ви е тешко и мислите дека не можете да се справите со некоја ситуација, само сетете се на приказните од вашата баба и најтешките моменти кои таа ги преживеала. Од минатото на нашите баби можеме да ја црпеме енергијата која ни е потребна за нашата иднина. Прочитајте ги овие 12 совети од нашите мудри бабички.

(1) 12 животни лекции од нашите баби

1. Вдишете ја иднината, издишете го минатото

Без оглед во каква ситуација се наоѓате, верувајте дека секогаш постои светло на крајот од тунелот. Никогаш не очекувајте, не претпоставувајте и не барајте. Само давајте сè од себе, контролирајте ги работите кои можат да се контролираат, а останатото оставете го на времето. Вложувајте секогаш многу, со искрено срце и енергија. Тоа кон што тежнеете ќе дојде или пак самиот пат ќе ви покаже на каде да одите.

2. Животот повторно може да биде едноставен

Доволно е да се сконцентрирате на една работа, а не на повеќе нешта истовремено. Не морате да завршите сè и тоа одеднаш. Дишете длабоко, бидете присутни во сегашниот момент и дајте сè од себе да ја завршите најдобро што можете работата пред вас. Во сè што ќе се вложите, животот повеќекратно ќе ви врати, иако тоа можеби во овој момент не ви изгледа така.

3. Нека ве прифатат такви какви што сте или воопшто нека не ве прифаќаат

Секогаш зборувајте ја вистината, па дури и тогаш кога чувствувате страв и непријатност. Бидете она што сте, затоа што на тој начин на светот му го давате она за што сте се родиле. Самоуверено одете по својот пат и не очекувајте од другите да го разберат вашиот пат. Доволно е вие да ја знаете вашата цел и крајна дестинација.

4. Не сте личноста од порано и тоа е сосема во ред

Луѓето се менуваат низ животот. Повредите, загубите, искачувањата и падовите оставаат трага и ја обликуваат вашата личност. Низ животот, преку убавите и лошите искуства, сте ја смениле перспективата, а вашиот дух растел и созревал. Некогаш можеби ќе добиете негативна забелешка дека не сте повеќе истата личност, дека сте се промениле, а вие одговорете им на овој начин „Секако дека сум сменет/а. Така е тоа во животот. Но, јас сум истата личност, само малку посилна од претходно“.

5. Сè што се случува ви помага да растете, дури и најтешките моменти

Околностите ќе ви дадат правец, ќе ве исправат и со текот на времето ќе ве усовршат. Без оглед на ситуацијата во која се наоѓате во моментот, никогаш не губете надеж. Верувајте дека плимата и осеката еден ден ќе ве доведат до прекрасно мирно крајбрежје.

6. Не учете за да бидете богати, туку среќни

Изберете го она што ве прави среќни. На крајот од животот ќе заклучите дека најубави денови ви биле оние во кои не се случило ништо посебно, а вие сте имале насмевка на вашето лице. Не барајте многу, најдете среќа во малите работи кои ви причинуваат задоволство.

7. Бидете позитивни

Работите кои ви се случуваат сами ги привлекувате со вашето размислување и со вашиот став кон животот. Затоа, насмејте им се на оние кои сакаат да ве повредат, покажете им што им недостига во животот, а што не можат да ви одземат.

8. Посветете им се на луѓето кои ги сакате

Не ги занемарувајте блиските луѓе. Секогаш најдете време за нив и погледнете ги во очи. Очите ќе ви кажат сè. Ако забележите тага прегрнете ги, ако забележите среќа радувајте се со нив. Не лутете им се на оние кои ве бараат само кога нешто им треба. Напротив, чувствувајте се привилегирани што во најтешките мигови им текнува на вас. Ослободете љубов и љубов ќе ви се врати.

9. Понекогаш морате да ја пуштите личноста која ја сакате

Немојте со сила да ги држите луѓето до вас. Ако некој нашол сопствен пат да продолжи без вас, пуштете го/ја. Партнерот, пријателите, роднините… Сите имаат право на среќа и личен раст.

10. Заминете од луѓето кои го попречуваат вашиот пат

Со тоа ќе направите простор за оние кои ве поддржуваат и ви помагаат да бидете најдобрата верзија од себе. Со созревањето, јасно ќе видите кој ви посакува добро, а кој ви го затвора патот до успехот. Со некои луѓе, кои можеби ги познавате и целиот живот, едноставно повеќе не делите ист или сличен поглед на светот. Сочувајте ги убавите сеќавања од заедничките моменти и продолжете напред, без тие луѓе.

11. „Не можам да верувам дека го постигнав тоа“ наместо „Би сакал да го постигнев“

Што и да направите, секогаш ќе се најде некој кој нема да биде задоволен од вашиот успех. Затоа, немојте да го живеете животот во обид да ја импресионирате околината. Наместо тоа, секојдневно импресионирајте се себеси. Сакајте се доволно и никогаш не ги симнувајте своите стандарди за да ги задоволите барањата на луѓето околу вас.

12. Ако не можете да најдете среќен крај, побарајте нов почеток

Прифатете ги своите повремени неуспеси. На тој начин учите. Најсилни луѓе се оние кои се смеат кога им е најтешко – тие луѓе минале низ најтешките битки и знаат да го почитуваат секој момент. Тие луѓе одлучиле дека нема да дозволат ништо да ги порази и секогаш избираат нов почеток, ако видат дека го нема среќниот крај.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

  1. Ana Reply

    Odlicen teks

  2. gabriela boskova@yahoo.com.mk Reply

    super kazano

Напиши одговор на Ana Откажи одговор