100 слатки нешта коишто можете да ги направите за вашата жена да биде неизмерно среќна - Part 2

100 слатки нешта коишто можете да ги направите за вашата жена да биде неизмерно среќна

100 слатки нешта коишто можете да ги направите за вашата жена да биде неизмерно среќна

50. Кажете ѝ дека е секси. Вие сте личноста од којашто сака да го слушне тоа.

51. Купете ѝ го тоа колаче, грицки или сладолед, што ѝ се допаѓа, но никогаш не си го купува за себе.

52. Смислете ѝ некој нов, будалест прекар и започнете така да ѝ се обраќате, за да ја насмевнете и расположите.

53. Прочитајте некоја книга што многу ѝ се допаѓа и разговарајте со неа за содржината, откако ќе ја дочитате.

54. Дозволете ѝ да зборува за кој било или што било, без да ја критикувате.

55. Следниот пат, кога таа ќе ви раскаже некоја приказна, којашто веќе ви ја кажала многу пати досега, преправајте се како да ви ја кажува првпат.

56. Извинете се за некоја глупава грешка којашто сте ја направиле. Искрено побарајте прочка и признајте дека сте погрешиле. Не го правете тоа за да „соберете поени“ кај неа, туку направете го тоа за да ѝ дадете до знаење, дека доволно ја почитувате, за да го проголтате вашето его.

57. Со нежни, спонтани гестови покажете пред нејзините пријателки, колку многу ви значи.

58. Без некој конкретен повод, раскажете ѝ некој убав спомен, поврзан со вашето запознавање или за моментот кога сте дознале дека ви се допаѓа. Бидете конкретни и одете во детали.

59. Кажете ѝ дека сте импресионирани од начинот на којшто се справила со нешто минатата година. Можеби станува збор за некој проблем којшто успешно го надминала или лоша навика којашто ја победила.

60. Донесете ѝ кафе во кревет, приготвено според нејзин вкус.

61. Бакнете ја наутро, пред да си ги измие забите, дури и ако сметате дека тоа е грозно, за да ѝ покажете дека ја сакате во секое издание.

62. Препуштете ѝ ја поубавата перница за спиење.

100 слатки нешта коишто можете да ги направите за вашата жена да биде неизмерно среќна

63. Додека сме на таа тема, исфрлете ги старите перници.

64. Играјте си со нејзината коса.

65. Измислете некоја глупава песна. Зборувајте ѝ со чуден, длабок или роботски глас. Смислете некој смешен танц. Едноставно, бидете спонтани и будалести.

66. Кажете ѝ дека се гордеете со неа.

67. Одете во исто време на спиење со неа, дури и ако не ви се допаѓа тоа. Времето поминато со партнерката пред спиење, е многу важно за вашата конекција.

68. Оставете ѝ повеќе простор за облека во плакарите.

69. Оставете ѝ говорна порака, не текстуална. Кажете ѝ дека мислите на неа, дури и кога сте презафатени.

70. Отворете се и признајте ѝ нешто што ве плаши или прераскажете ѝ го моментот во текот на денот, во којшто сте се чувствувале среќно, возбудено или тажно. Едноставно бидете емотивни и ранливи пред неа.

71. Носете точен број на облека и одберете кроеви, коишто убаво прилегаат на вашата конструкција.

72. Редовно потстрижувајте ја брадата.

73. Користете ја колонската вода, којашто знаете дека многу ѝ се допаѓа.

74. Уплатете ѝ часови за курсот, за којшто одамна ви зборува дека сака да го посети.

75. Прашајте ја како е некоја нејзина другарка од детството. Потсетете ја дека треба да ѝ се јави и да се види со неа. Охрабрувајте ја да ги одржува контактите со луѓето.

76. Ставете го вашиот мобилен телефон на режимот „не ме вознемирувај“, за да не ја вознемируваат известувањата коишто ви стигнуваат во текот на вечерта.

77. Додадете некои мали, слатки нешта на нејзиниот Гугл – календар, за престојната седмица. На пример, кажете ѝ да гледа видео со смешен мрзливец во понеделник во 14:30 часот или да медитира 5 минути во среда, на паузата за ручек.

78. Сменете го маслото во нејзиниот автомобил.

78. Наполнете ѝ ја кадата со топла вода и миризлива купка и заминете си од бањата, за да ужива сама со себе.

80. Повикајте дадилка или некоја роднина, да ги причува вашите деца неколку часа и одведете ја сопругата на романтичен појадок.

81. Подгответе го појадокот за децата. Не чекајте секогаш таа да се разбуди, за да го направи тоа.

82. Кога ќе исперете нешто, после тоа употребете и омекнувач за алишта.

83. Забележете кога се труди да направи нешто многу убаво за вас. Не ѝ велете: „Ох, не си требала да го правиш тоа за мене“. Наместо тоа, кажете ѝ: „Ти благодарам“. Искажете почит и благодарност.

84. Прифатете ја нејзината помош кога сакате да готвите нешто. Не се работи за тоа дека таа мисли дека вас не ве бидува, туку бидејќи сака да правите нешто заеднички.

85. Појавете се на тој настан од работа на којшто ве поканила. Појавете се на роденденот на нејзината пријателка, каде што сака да оди и покрај тоа што знаете дека нејзиниот сопруг е малку досаден и немате теми на муабет.

86. Оставете ѝ го последното компирче од помфритот, последната коцка чоколадо или што и да е тоа што го јаде и многу ѝ се допаѓа.

87. Не ѝ велете дека изгледа „ок“, кога ќе ве праша како ѝ стои нешто. Наместо тоа, кажете ѝ дека ви се допаѓа бојата на нејзиниот фустан или начинот на којшто ја средила косата.

88. Гушкајте се со неа на каучот во дневната.

89. Запалете еден куп свеќи и уживајте во романтичниот амбиент.

100 слатки нешта коишто можете да ги направите за вашата жена да биде неизмерно среќна

90. Исфрлете го грдиот пар чевли или шорцеви, коишто вие ги сакате, но знаете дека таа многу ги мрази.

91. Без многу да размислувате, обележете ја на некоја ваша заедничка фотографија, доколку таа е активна на социјалните мрежи.

92. Без никаков посебен повод, изненадете ја со убаво, скапо вино.

93. Носете ја маицата, којашто знаете дека ѝ е омилена.

94. Пронајдете некои стари фотографии од времето кога сте биле момче и девојка или во периодот кога сте биле тазе венчани. Уживајте во заедничките спомени.

95. Одберете една убава фотографија од неа и вашите деца и ставете ја во рамка. Кажете ѝ зошто ја обожувате.

100 слатки нешта коишто можете да ги направите за вашата жена да биде неизмерно среќна

96. Кажете ѝ колку ви е драго што сте се ожениле за неа.

97. Доколку сè уште ги дои децата, станете заедно со неа во сред ноќ, за да ѝ правите друштво.

98. Појдете во супермаркет и одберете вкусни, здрави, свежи продукти и подгответе ѝ вкусна вечера, којашто знаете дека ќе ја обожава.

99. Ставете нешто специфично во нејзината чанта за на работа: чоколадо, играчка, смешен цртеж од децата… Било што, што ќе ја насмее.

100. Направете прекрасно селфи од вас двајца, за коешто одамна ве замолува.

Може да ве интересира и зошто треба да бидете со личност која ги сака сите оние работи што ве прават несигурни?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар