10 знаци дека ви е потребен одмор од љубовта

10 знаци дека ви е потребен одмор од љубовта

Поголемиот дел од жените, барем еднаш во животот, се наоѓаат во ситуација каде што со сите сили се обидуваат да најдат партнер, притоа не размислувајќи за тоа што им е потребно туку фокусирајќи се само на идејата да не бидат сами. Токму тогаш и ги прават најголемите грешки при изборот на партнерот и ако не внимаваат, ќе завршат во несреќен брак што ќе им носи повеќе проблеми отколку убави моменти. Ако додадете и деца на оваа равенка, одлуката за осамостојување станува скоро невозможна. Имајќи го сè ова на ум, подобро е да знаете како да препознаете дека ви е потребен одмор од љубовта и да си земете малку време за себе, отколку да се најдете во ситуација од која скоро и да нема излез, па потоа да се каете за сите пропуштени години…

10-znaci-deka-vi-e-potreben-odmor-od-ljubovta

1. Имате напад на паника секогаш кога ќе се појави среќен пар во ваша близина.

2. Ве нервираат младите парови со заљубените фотографии на социјалните мрежи.

3. Размислувате да му се јавите на бившиот, иако врската ви била ужасна.

4. Барате замена за претходните љубови, притоа постојано спуштајќи ги критериумите.

5. Ве нервираат пријателките што се во долготрајни среќни врски.

6. Дури и помислата на љубовен состанок ви делува како измачување.

7. Не ве интересираат дружењата, повеќе сакате да гледате телевизија во удобниот дом.

8. Сè повеќе се убедувате дека не постои човек за вас.

9. Заборавате на сите добри нешта и мислите дека животот е составен само од страдање.

10. Уверени сте дека сè ќе биде во ред кога ќе најдете нов партнер.

Доколку се пронајдете во овие точки, време е да застанете, да направите чекор наназад и да се посветите целосно на себе. Вие мора да научите како да се сакате и да се цените. Мора да научите дека среќата во животот зависи исклучиво од вас и иако другите можат да придонесуваат за нејзиноto растење, основата доаѓа само од вашата внатрешност. А без таа основа, едноставно не можете да најдете среќа со некој друг. Средете си ги мислите, почнете да го живеете животот од соништата и љубовта сама ќе ви дојде.

Исто така не заборавајте дека чекањето вистинска љубов ќе ве направи посилни, а не поосамени!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар