Чекањето вистинска љубов ќе ве направи посилни, а не поосамени

Чекањето вистинска љубов ќе ве направи посилни, а не поосамени

На луѓето им треба социјализација и непишано правило е дека сите треба кога-тогаш да започнат љубовна врска. Токму тоа го измачува секој влијателен, успешен во кариерата, задоволен и среќен сингл човек на возраст од 25 години па нагоре. Сите луѓе зборуваат само за тоа и поединецот не се смета за доволно исполнет доколку не ја нашол својата втора половина, без разлика колку добро му оди во животот. Вашите најблиски се загрижени дека засекогаш ќе останете сами, но не и вие. Никој не разбира дека едноставно ја чекате вистинската личност за вас. Статусот сингл стана синоним на осаменост, проблеми со довербата, проблеми со однесувањето, проблеми со созревањето и слично. Но, тоа не е вистина.

Чекањето вистинска љубов ќе ве направи посилни, а не поосамени

Статусот сингл се смета за многу работи, но најважно од сѐ, треба да знаете дека се работи за избор. Самите одбирате да не избрзувате со работите што луѓето тврдат дека се прекрасни. Одбирате да чекате љубовта сама да ви се појави во животот, а не да завршите со некого кој не ви се допаѓа. Статусот сингл е ваше право на слобода и тоа начин на живот. Па, кои се придобивките од сингл животот? Продолжете со читање за да дознаете…

1. Способност да ги препознавате луѓето

Статусот сингл ни овозможува да ги прифаќаме туѓите врски со отворен ум. Можеме да ги набљудуваме и разбираме врските на нашите пријатели на непристрасен начин. Со други зборови, тоа значи дека имаме искуство и можеме да ги разбереме луѓето. Можеме да познаеме кога нашите пријатели биле изневерени или кога се однесуваат лошо со нивните партнери.

Освен тоа, сингл луѓето можат да препознаат дека врската не оди како што треба многу полесно од луѓето кои започнале врска на рана возраст. Кога некој ќе се обиде да ве запознае, вашата проценка не е заматена од очајот да започнете врска или од горчината што ја носите од претходната. Како бонус, располагате и со искуствата на вашите пријатели и искуствата што сте ги добиле од гледање филмови и читање книги.

Чекањето вистинска љубов ќе ве направи посилни, а не поосамени

2. Задоволни сте од вашиот живот

Само вие знаете дека мирот потекнува од тоа што сте живееле сами. Статусот сингл и чекањето на сродната душа ви овозможува да дознаете што можете да очекувате од една врска и ви помага да созреете доволно за да ја прекинете врската што ви изгледала примамливо, но не била за вас. Без проблем можете да останете сами, наместо да бидете со погрешниот човек за вас. Тоа е така, затоа што знаете дека не сте во лошо друштво кога сте сами. Способни сте да смислите илјадници работи што би можеле да ги правите сами и да не ви стане здодевно. Чекањето е самоволен избор и никогаш не сте се посомневале во него.

3. Независни сте

Знаевте дека ова ќе се случи. Сите ги знаат предностите на статусот сингл, но сепак никој не сака да се задржи подолго време во таа состојба. Најголемата предност од многуте е независноста. Сингл животот ќе ве научи да зависите сами од себе. Морате сами да плаќате сметки, да менувате сијалици, да одлучите од каде ќе нарачате пица и да ги одредувате домашните правила. Сѐ е само за вас, затоа што сѐ си плаќате и правите сами. Вие сте независни и доволни сте си сами на себе.

Статусот сингл ќе ве научи како да преземете одговорност за себе. Треба да се гордеете поради тоа и да не им дозволувате на луѓето околу вас да ве убедуваат во спротивното. Секој избор има свои последици. Со оглед на тоа што живееме во време каде што социјалните мрежи им дозволуваат на луѓето да ни го набљудуваат и коментираат животот, не е ни чудно што тоа навистина се случува. Најдобро ќе биде да им дозволите на луѓето да имаат мислење, да го игнорирате за ваше добро и да продолжите со вашиот начин на живот. Ако сте среќни такви какви што сте, дали навистина е толку важно јавното мислење за вашиот статус сингл и избор да ја чекате вистинската љубов?

Во продолжение прочитајте ги овие 6 причини зошто е добро да не сте во врска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар