10 застарени модни трендови што сè уште пречесто ги гледаме

10 застарени модни трендови што сè уште пречесто ги гледаме

Модните трендови можат да бидат навистина чудни. Додека некои од нив стануваат класика, другите се забораваат како никогаш да не постоеле. Сепак, постојат и некои трендови кои во последно време ги гледаме пречесто, па токму затоа е и време да се збогуваме со нив.

1. Фармерки и мрежести хулахопки

10 модни трендови што ги гледаме пречесто

Овој тренд го преплави модниот свет, а на многумина веќе им здодеа од него.

Што да носите наместо тоа?

Сега се во тренд обичните фармерки без дупки.

2. Чанти на половина

10 модни трендови што ги гледаме пречесто

Овој тренд доби измешани критики. Некои сметаа дека изгледа одлично, додека другите сметаа дека треба да ги носат само продавачите.

Што да носите наместо тоа?

Обичната чанта е сосема доволно. Можете да ги пробате и најновите кружни чанти.

3. „Голи“ фустани

10 модни трендови што ги гледаме пречесто

Речиси секоја позната девојка беше видена со ваков фустан. Иако овој тренд е стар неколку години, сепак е избор на многу дами и денес. Но мораме да признаеме дека изгледа малку вулгарно.

Што да носите наместо тоа?

Ако сакате да нагласите делови од вашето тело, носете тесен фустан, модел во форма на сирена или необичен асиметричен фустан.

4. Пижама стил

10 модни трендови што ги гледаме пречесто

Овој тренд владееше на црвениот тепих, за време на модните ревии и со уличната мода. Но, време е да му се стави крај.

Што да носите наместо тоа?

Оделото во поголем број може да изгледа одлично. Може да биде со една боја или со риги.

5. Реси

10 модни трендови што ги гледаме пречесто

Ресите можете да ги најдете насекаде – елеци, чанти, џемпери и чевли. Ресите на секое парче облека се навистина премногу.

Што да носите наместо тоа?

Ако навистина ги сакате ресите, зошто не се обидете со плетени чанти? Кога станува збор за облека, можете да одберете парчиња со повеќе слоеви.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар