Животот според ранобудниците наспроти животот на ноќните птици
Постојат два типови луѓе на овој свет: оние кои се вистински ранобудници и оние кои, за жал, не се. Некои луѓе сакаат да се будат со изгрејсонцето, а додека други пак уживаат во доцните вечерни часови. Ранобудниците и ноќните птици се тотално спротивни, како денот и ноќта. Еве како тие гледаат на животот.

Ранобудници: Се разбудивте само за да го видите изгрејсонцето. Каков прекрасен почеток на денот.

Ноќни птици: Ако го гледате изгрејсонцето, едно е сигурно: сте седеле будни цела ноќ. Повторно.

Ранобудници: 7 часот наутро. Јога, тотално „за“!

Ноќни птици: Среќа теретаната работи до полноќ бидејќи нема шанси да стигнете до 7 часот вечер.

Ранобудници: Потребен ви е еден аларм за да се разбудите. Ако веќе претходно не сте се разбудиле сами.

Ноќни птици: Поставувате најмалку 7 аларми, кои ќе ја разбудат вашата цимерка, па таа ќе ве разбуди вас.

Ранобудници: Живеете за мирисот на кафе и за здравиот појадок наутро.

Ноќни птици: Знаете што е повкусно во 2 часот наутро? Помфрит. Знаете место кое е отворено 24/7? Секако.

Ранобудници: Иако сте станале рано, понекогаш се чувствувате како да нема доволно часови во денот!

Ноќни птици: Па што ако денот завршил? За тоа постои ноќта, има многу време за разни активности.

Ранобудници: Водителите на утринските емисии ви се најверни другари откако почнавте да ги гледате секое утро.

Ноќни птици: Два збора: ноќни емисии.

Ранобудници: За викендите, подобро би оделе на доцен појадок отколку во навечер во бар.

Ноќни птици: Будењето пред пладне во сабота е вистинско чудо, особено ако сте биле излезени до 3 часот наутро претходната вечер.

Ранобудници: Знаете како велат: „Кој рано рани, две среќи граби.“

Ноќни птици: На кого му е гајле за среќата? Пицата во доцните ноќни часови е поважна од сè друго.






























