Победникот на „Шут, гол, Сити мол!“ отпатува на финалето на ЕУРО 2016!

Осумнаесет-годишниот Стефан Тодосиев е победник на натпреварот во лесни фудбалски вештини „Шут, гол, Сити мол!“ кој се одржуваше од 10 јуни во Скопје сити мол и во кој можеа да учествуваат сите фудбалски фанови, страсни навивачи и останатите кои имаа желба лично да ја доживеат атмосферата на едно од најголемите спортски случувања на денешницата, финалето на ЕУРО 2016.

1-pobednikot-na-shut-gol-siti-mol-otpatuva-na-finaleto-na-euro-2016-kafepauza.mk

Скопје сити мол и Кореа ауто трејд, официјален дистрибутер за Hyundai во Македонија, со овој натпревар сакаа да ги поддржат сите кои го сакаат фудбалот, креирајќи активности со кои ќе внесат возбуда во овие денови на фудбалското првенство и ќе ги наградат потрошувачите.

2-pobednikot-na-shut-gol-siti-mol-otpatuva-na-finaleto-na-euro-2016-kafepauza.mk

Стефан Тодосиев доби патување за двајца на финалето на ЕУРО 2016 во Франција, со вклучени патни трошоци и сместување, и ќе ужива во најголемата спортска манифестација заради која деновиве застанува светот. Натпреварот за освојување една од останатите официјални награди; ранци, маички, чаши или капи е сеуште отворен и трае до 10 јули.

3-pobednikot-na-shut-gol-siti-mol-otpatuva-na-finaleto-na-euro-2016-kafepauza.mk

„За натпреварот ‘Шут, гол, Сити мол!’ дознав сосема случајно, но бидејќи сум голем фан на фудбалот, не пропуштам каква било прилика да учествувам во активности поврзани со мојот омилен спорт. Пресреќен сум што сум добитник на две карти за финалето на ЕУРО 2016, настан кој убеден сум ќе го памтам цел живот. Голема благодарност до Скопје сити мол и Кореа ауто трејд за ваквата иницијатива да му обезбедат некому незаборавно доживување на врвен спортски настан“ – изјави Стефан Тодосиев, добитник на главната награда.

4-pobednikot-na-shut-gol-siti-mol-otpatuva-na-finaleto-na-euro-2016-kafepauza.mk

Скопје сити мол и Кореа ауто трејд официјален дистрибутер за Hyundai во Македонија, со натпреварот „Шут, гол, Сити мол!“ сакаат да ја споделат страста кон фудбалот како глобална љубов, да внесат радост и возбуда и да ги охрабрат младите што повеќе да го практикуваат фудбалот како спорт што обединува и креира позитивни вредности, поттикнувајќи ги на партиципативен и толерантен спортски дух и фудбалска култура, во контекст на Европскиот шампионат во фудбал.

5-pobednikot-na-shut-gol-siti-mol-otpatuva-na-finaleto-na-euro-2016-kafepauza.mk

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар