Запознајте го професионалниот раскинувач на љубовни врски

Запознајте го професионалниот раскинувач на љубовни врски

Никогаш не е лесно да му кажете на вашиот партнер дека сакате да ставите крај на вашата љубовна врска. Повеќето луѓе попрво ќе го одолговлекуваат болниот чин на раскинување, отколку да се соочат со партнерот и да го поднесуваат разочарувањето и страдањето. Во денешно време, очигледно и за овој „проблем“ има решение.

Професионалниот раскинувач Џонатан Кикбуш од Брајтон, Англија за само 5 британски фунти (помалку од 8$) и плус трошоци, ќе ве поштеди од маките и ќе му објасни на вашиот партнер дека не можете повеќе да бидете во врска со него. Дваесет и едногодишниот маркетинг менаџер умее да ѝ стави крај на вашата врска на сосема природен начин, поради што станал професионалец во својата „професија“.Запознајте го професионалниот раскинувач на љубовни врскиЏонатан, кој во моментов е сингл, вели дека неговата услуга е од големо значење, нарекувајќи се себеси „медијатор“ кој ги ослободува луѓето кога нивната љубовна врска не чини.

Тој го рекламира својот бизнис на fivesquids.co.uk, британски сајт на кој има разни услуги кои чинат до 5 фунти по понуда. Бизнисот на Џонатан очигледно цвета, со оглед на тоа што им става крај на пет до шест љубовни врски неделно, но секогаш претходно ја интервјуира личноста која сака да му раскине на партнерот, за да дознае каква е нивната приказна.

Доколку се чувствува неудобно да ве вмеша во некоја премногу комплицирана ситуација, на пример ако едниот од партнерите бил неверен, тој ја одбива работата.

Џонатан вели дека започнал да се занимава со ваков тип работа, откако самиот искусил многу тешко раскинување, кога посакал да има некој на кој може да му се јави да ја заврши „валканата“ работа место него. Тој воедно се опишува себеси како човек на кој пријателите честопати му се обраќаат за емоционална поддршка. Кога наишол на овој веб-сајт, сфатил дека неговиот специјален талент може да му носи и пари.

Еве како изгледа неговиот оглас:Запознајте го професионалниот раскинувач на љубовни врскиВетувањето дека успешно ќе му раскине на вашиот партнер, се однесува на период во рок од 6 дена. Досега тој има многу задоволни муштерии, со оглед на тоа што неговиот оглас има 100% позитивен рејтинг.

Работата си доаѓа во комплет и со ризици. Џонатан досега бил соочен со многу солзи и навреди, кога ги соопштувал лошите вести. Како и да е, и покрај тоа што тој ги користи сите методи на раскинување: преку СМС-пораки, состаноци лице в лице (кои чинат 31 долар) и разговори преку чет, вели дека „откачувањето“ е изненадувачки лесна работа.

„Некои луѓе може да ги сметаат за кукавици оние кои би ја користеле мојата услуга, но јас ги доживувам само како грижливи луѓе кои не сакаат да се доведат во ситуација да повредат некој кој некогаш многу им значел“ – изјавил тој за магазинот „The sun“.

Запознајте го професионалниот раскинувач на љубовни врски

„Секојпат сум изненаден од тоа колку ми е лесно да ги соопштам лошите вести и дека негативни реакции има незначително малку. Знам дека постојат луѓе кои сметаат дека секој треба сам да му раскине на партнерот, во знак на почит кон врската која ја имале. Но, јас сметам дека доколку чувствувате преголем притисок, треба да се заштитите од потенцијално насилна и вознемирувачка ситуација. Верувам во вистинска љубов и сметам дека луѓето не треба да си го трошат своето време во лоша љубовна врска. Јас сум рационалното решение на вашиот проблем.“


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Mila Reply

    Gluposti ! Kako moze da se narece vrska takvo nesto koga nekoj tret moraat da PLATAT za da si rascistat megjusebno. lol

Напиши одговор на Mila Откажи одговор