Сите се раѓаме како креативни генијалци, но образовниот систем нè прави некреативни и глупави

Сите се раѓаме како креативни генијалци, но образовниот систем нè прави некреативни и глупави

„Вие сте многу помоќни отколку што мислите и се плашат од денот кога ќе го откриете тоа.“

Во својот говор, сер Кен Робинсон изјавува дека образовниот систем не е воопшто како што треба и дека е важно да се направат големи промени. Иако неговата презентација е неверојатна, она што е интересно е истражувањето што го спомнува тоа. Истражување за разновидно размислување.

neverojatno-izstrazhvanje-site-se-ragjame-kako-kreativni-genijalci-kafepauza.mk

Од НАСА, која е дом на најголемата вселенска програма и на некои од најпаметните луѓе на Земјата, ги контактирале докторите Џорџ Ленд и Бет Џарман. Од нив побарале да изработат високо специјализиран тест кој ќе им помогне ефикасно да го измерат креативниот потенцијал на нивните научници и инженери. Како резултат на ова, дуото смислило навистина необичен тест. Тестот бил основан на процесот на разновидно размислување, односно способноста да се предложат неколку решенија за еден проблем.

Од НАСА биле многу задоволни од резултатите на тестот, па го прогласиле за успешен. Но, Ленд и Џарман кои детално ја истражувале креативноста додека го подготвувале тестот сфатиле дека сакаат да научат повеќе за изворот на креативноста. Дали е генетски? Дали е резултат на искуство? Или е нешто друго?

Бидејќи тестот бил премногу едноставен, можел да се користи за секоја возрасна група. Па тие нашле 1.600 деца на возраст од 4 и 5 години и решиле да ги тестираат. Резултатите ги шокирале. Од 1.600 деца кои го направиле тестот, 98% добиле резултати на генијалци. Возбудени од овој резултат, тимот одлучил да направи пообемно истражување и да го зададе истиот тест на истите деца по 5 години. И овој пат резултатите биле шокирачки. Од истите деца, кои сега оделе во основно училиште, само 30% го постигнале истиот резултат. Кога тестот бил направен уште еднаш после 5 години, кога децата биле во средно училиште, резултатот се намалил на само 12%.

Вознемирен, но истовремено фасциниран од овие резултат, Ленд решил да го направи тестот со возрасни над 25 години. По бројни истражувања, тој открил дека помалку од 2% од возрасните добиле резултати на генијалци.

Систематски нè прават поглупави

Овие истражувања покажуваат дека ние се раѓаме со потенцијалот на креативен генијалец, но штом ќе влеземе во образовниот систем стануваме поглупави. Причината за ова не е тешко да се сфати. Училиштето како институција ѝ служи на владејачката класа, а не на секој човек. Децата се најголема закана за овој систем. Нивната „дива имагинација“ е толку интензивна и неверојатна, што ако не се проверува ќе резултира во креативна револуција и може да ѝ стави крај на оваа игра монопол.

Од каде доаѓа креативноста и може ли да се врати?

Креативноста се раѓа во умот, особено во имагинацијата. Добрите вести се што и покрај сè, креативноста може само да се потисне, но не и да се уништи. Секоја вечер кога си легнуваме нашата имагинација е стимулирана. Па, вашиот внатрешен креативен генијалец е само заспан и чека да го разбудите.

Како да ја вратите вашата креативност?

Според Џорџ Ленд и сите истражувања кои ги направил, мора да научиме како да судиме помалку, а повеќе да се обидуваме да разбереме. Треба помалку да критикуваме, а да бидеме пољубопитни. Тој исто така споменал дека стравот и анксиозноста може да бидат многу контрапродуктивни.

Некои од најдобрите начини да се справите со овие ментални состојби е да се вклучите во активности како јога, медитација и вежбање, бидејќи ќе ви помогнат да се ослободите од стресот. Исто така овие активности поттикнуваат и процес наречен неврогенеза, односно создавање нови мозочни клетки. И нашата исхрана има голема улога во менталната сила и целокупното здравје.

Друго нешто што треба да го направите е да го предизвикате вашиот систем на верување. Важно е да разберете дека сè што гледаме моментално е само дел, резултат од некоја културна или социјална индоктринација. Иако мислиме дека знаеме многу, секогаш ќе постојат животни проблеми за решавање, и многу нешта за истражување. Учењето е пат без крај, па бидете скромни и љубопитни.

Исто така треба да развиете чувствителност кон надворешното опкружување. Немојте да се дружите со луѓе со затворен ум. Немојте да гледате лоши вести и озборувања за познатите. Престанете да гледате серии и музички видеа кои ви наметнуваат стереотипи. Вашата имагинација е најважното нешто што можете да го култивирате, па не смеете да ѝ дозволите да биде оформувана од надворешни сили. Не заборавајте дека системот е изграден врз нашата имагинација. Парите имаат имагинарна вредност. Власта има имагинарен авторитет. Ние имаме имагинарни граници. Ако сакаме да промениме нешто, мора да почнеме со имагинацијата.

Погледнете ги и навиките кои ќе ја поттикнат вашата креативност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар