10 држави во кои е многу лесно да емигрирате

Ако живеете во Македонија, сигурно барем еднаш сте помислиле да избегате од овде. Наместо да се справувате со лудилото тука, сакате да ги бркате вашите соништа во некоја поголема држава. И понекогаш сфаќате дека тие соништа се само убава илузија. Но, не мора да значи. Преселувањето во друга држава не е лесно, но не е ни толку тешко. Во некои држави добивањето државјанство е навистина едноставно. Погледнете за кои станува збор.

1. Еквадор

(1)10-drzhavi-vo-koi-e-mnogu-lesno-da-emigrirate-kafepauza.mk

Еквадор е земјата на вулканите, плажите и урнатините на Маите. Животот на Еквадор е навистина евтин. Покрај тоа, потребно е да докажете дека имате само околу 700 евра на сметка за да можете да се вселите. Условот да добиете „пензионерска“ виза е да докажете дека секој месец на вашата сметка ќе има барем 700 евра, а не е потребно ни да бидете пензионер за да ја добиете визата.

2. Австрија

(2)10-drzhavi-vo-koi-e-mnogu-lesno-da-emigrirate-kafepauza.mk

Австрија не е за оние кои сакаат убав и евтин дом. Австрија е мала држава и имајте на ум дека животот таму е навистина скап. Но, оваа држава нуди барем 10 различни дозволи за престој и ниту една од нив не бара да инвестирате пари. За картата за престој треба да аплицирате од странство, односно не од Австрија. Овој закон не важи за жителите на Европската Унија.

3. Белгија

EPSON DSC picture

Оваа држава има едни од најубавите мали градови на континентот и најдоброто пиво. Покрај тоа е навистина лесно да добиете виза за постојан престој. Потребно е само да најдете работа. Иако повеќето држави не сакаат да им ги „крадете“ работните места на локалните жители, во Белгија не само што ќе ви го дозволат тоа, туку ќе добиете дозвола за престој само 2 недели по вработувањето. Оваа дозвола не е за постојан престој, но е чекор во вистинската насока. Потребно е да го задржите работното место извесен период, во зависност од регионот и потоа ќе добиете нов статус.

4. Парагвај

(4)10-drzhavi-vo-koi-e-mnogu-lesno-da-emigrirate-kafepauza.mk

Навистина е едноставно да добиете државјанство во оваа држава. Изгледа дека властите очајно се обидуваат да донесат што е можно повеќе луѓе од страна. Потребно е да направите депозит во некоја банка во Парагвај. Проблемот е што сумата треба да биде околу 4.000 евра, но штом ќе го направите тоа, Парагвај е ваша држава. Иако ова е мала неразвиена држава опкружена со големи и многу поразвиени држави, барем животот овде е евтин.

5. Канада

(5)10-drzhavi-vo-koi-e-mnogu-lesno-da-emigrirate-kafepauza.mk

Канада им ги отвора вратите на сите луѓе, од целиот свет. Се разбира, потребно е да докажете дека сте вредни за да ве имаат како државјани. Оние кои имаат вештини кои ѝ се потребни на државата или имаат високо образование, може да се вклучат во брзата програма за вселување. Се пополнува онлајн формулар во кој треба да кажете кој е вашиот степен на образование, каде сте работеле и дали знаете да зборувате англиски и/или француски. Ако имате високи поени од овие прашања и ако имате роднини во Канада, голема е веројатноста дека ќе добиете дозвола за престој. Сè што треба да направите потоа е да платите околу 300 евра.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар