10 држави во кои е многу лесно да емигрирате - Part 2

10 држави во кои е многу лесно да емигрирате

6. Белизе

(6)10-drzhavi-vo-koi-e-mnogu-lesno-da-emigrirate-kafepauza.mk

Во оваа држава во Централна Америка се зборува англиски, животот е евтин и има неверојатни плажи. Овој мал рај е сместен помеѓу Мексико и Гватемала и има мал број жители. Најдоброто е што можете да добиете дозвола за постојан престој по само 1 година помината во државата. За да останете цела година, доволно е да аплицирате за туристичка виза и да ја обновувате на секои 30 дена. Откако ќе помине година, треба да платите околу 900 евра, да поминете некои формалности и тоа е тоа.

7. Никарагва

(7)10-drzhavi-vo-koi-e-mnogu-lesno-da-emigrirate-kafepauza.mk

Ако можете да ја игнорирате политиката, Никарагва е можеби домот за кој отсекогаш сте сонувале. И Никарагва има програма за пензионери иста како кај Еквадор. Нема потреба да докажувате дека сте стари или во пензија, туку само да имате приход од 500 евра месечно. Додека повеќето држави не им дозволуваат на оние со пензионерска виза да работат, власта на Никарагва толку чудно го дефинира работењето што е навистина добро за вас. Ако отворите ресторан или мал хотел, тоа не се смета за работење. Ако заработувате онлајн преку фирма која е од друга држава, и тоа не е работење…

8. Панама

(8)10-drzhavi-vo-koi-e-mnogu-lesno-da-emigrirate-kafepauza.mk

Панама е за оние кои сакаат да се преселат, но не сакаат премногу проблеми околу тоа. Државата е безбедна, доволно развиена, многу луѓе зборуваат англиски и секој може да се пресели таму со малку напор. Повеќето луѓе бараат пензионерска виза која бара да имате приход од 800 евра. Но визата за престој за помладите е уште подобра. Потребно е да направите депозит од околу 4.000 евра во банка и ако доаѓате од некоја од „пријателските држави“ (САД, Канада, Велика Британија, Нов Зеланд, Австрија и ЕУ), веднаш добивате виза. Потребно е да најдете работа или да започнете некој бизнис, и ќе добиете постојан престој.

9. Мексико

(9)10-drzhavi-vo-koi-e-mnogu-lesno-da-emigrirate-kafepauza.mk

Сè што треба да направите е да побарате FMM виза. Оваа виза ви овозможува да останете во Мексико 6 месеци, а потоа можете да ја обновите за уште 6. Потоа можете пак да ја обновите, и сè така до крај. Уште подобро е што оваа виза чини само 18 евра. Но ако сте запознаени со ситуацијата во Мексико, сигурно знаете дека има проблеми со дрогата. Сепак, не сите градови се изложени на опасност, па ако сметате дека вреди за ризикот можете да се преселите за само 36 евра годишно.

10. Свалбард (Норвешка)

(10)10-drzhavi-vo-koi-e-mnogu-lesno-da-emigrirate-kafepauza.mk

Овој архипелаг е дел од Норвешка, на истиот начин како што Гренланд е дел од Данска. Системот за имиграција на Свалбард е многу поразличен од оној на Норвешка и буквално секој може да се всели таму без дозвола за престој. Сè што треба да направите е да докажете дека имате доволно пари за да се издржувате самите. Но имајте на ум дека ова место е навистина студено, во зима е постојана темница, а се случува и поларни мечки да шетаат по улиците. За да се намалат нападите од поларните мечки, овде е нелегално да бидете невработени или бездомници. Исто така пензионерите се депортираат ако се смета дека се товар на општеството. Ова можеби не е најдобриот избор, но барем е во странство.

Доколку навистина планирате да се преселите во друга држава, добро е да ги знаете овие работи за живеењето во странство.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар