Пред и потоа: 19 трансформации на пеперутки и молци

Пред и потоа: 19 прекрасни трансформации на пеперутки и молци

Светот претставува едно неверојатно место преполно со убави работи. Изненадува во секоја смисла на зборот и постојано восхитува дури и со најмалите нешта. Па така, дури и самиот процес на преобразување на гасениците во пеперутки или молци знае да биде магичен.

Можеби дури и помагично од самата колоритна и драстична трансформација е токму начинот на кој тоа се случува. На пример, додека да израсне во пеперутка, инсектот мора да помине низ 4 фази: јајце, гасеница (ларва), кукла и пеперутка. Во секоја фаза се постигнува одредена цел, како што е исхранување на гасеницата или размножувањето кај пеперутките. Целиот циклус може да трае и до една година.

Brahmin молецBrahmin молец

Во своите пашкули (заштитни лушпи), гасениците целосно се наоѓаат во течност, развивајќи ги само основите за важните од телото, како што се очите и крилјата. Иако постојат сфаќања дека гасеницата би требало да ја одразува еволутивната историја на самиот инсект, многу е поверојатно дека токму пеперутката ќе личи повеќе на своите предци отколку самата гасеница.

Интересната работа е што некои гасеници се дури и поимпресивни од самите пеперутки или молци. Светлите ознаки и самата структура им служат како заштита со цел да не бидат изедени.

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар