Правила за реагирање во друштвено непријатни ситуации

Правила за реагирање во друштвено непријатни ситуации

Со сите ситуации во животот мора да се соочиме. Дури и со оние во кои ни доаѓа да пропаднеме во земја. Затоа треба да се знаат правилата за реагирање во незгодни ситуации – така полесно ќе ги „преживеете“.

1. Исто облечени

Одите на забава среќни со изборот на новиот летен аутфит од Зара и кога – одникаде се појавува некој/а што го носи токму истото.

Правила за реагирање во друштвено непријатни ситуации

Правило за оваа ситуација: Се наоѓате на пола пат, правите Ком-па-ни-ја и кој губи си оди дома или се пресоблекува.

2. Неизбежен муабет

Се качувате во автобус и забележувате личност која ја знаете, ама немате „ни тронка“ заеднички муабет. Се фаќате за телефонот, демек нешто да проверите, планирате да се заиграте игрица, арно ама веќе сте забележани и осудени да се возите заедно до последната станица.

Правила за реагирање во друштвено непријатни ситуации

Правило за оваа ситуација: Вториот што се качил во автобусот мора да измисли причина да се симне на следната станица, па да фати друг автобус од таму.

3. Прегратка, бацка или ракување?

На работа се знае како треба – се ракуваш за поздравување, кимнуваш со глава и се смешкаш. Во други ситуации е потешко. Треба да се процени дали ракувањето би било преформално, гушката преслободна, а бакнежот во образ пак е проблем за себе (еден, по еден на двете страни или трипати по нашки?) Ако вие тргнете по еден бакнеж помалку, го оставате другиот да виси во воздух, па од незгодно можеби ќе сакате да се поправите баш во моментот кога тој веќе се откажал. Ау, боли од незгодно!

Правила за реагирање во друштвено непријатни ситуации

Правило за оваа ситуација: Секогаш поздравувајте се со десна рака, гушкајте се тапкајќи го грбот на другиот со левата и бацувајте образ само по еднаш и тоа од левата страна (ова правило може да биде прекршено насилно од вашите тетки).

4. Прерано збогување

Сте се виделе со вашиот тазе партнер или партнерка, соработник или сте присуствувале на групна бизнис средба. На крајот стоите пред ресторанот, се збогувате, си посакувате добра ноќ или пријатен лет назад кон дома и тогаш сфаќате дека двајцата тргнувате во ист правец. Која е веројатноста да живее или престојува во истата насока како вас?

Правила за реагирање во друштвено непријатни ситуации

Правило за оваа ситуација: Првите 10 метри се одлучувачки. Кој ќе стигне подалеку, тој има право да продолжи, а другиот го забавува темпото за да му даде 5-минутна предност на другиот.

5. Долго „здраво“

Забележувате некој познат од далеку и му мавтате. Мавта и тој, но вие сте сè уште многу оддалечени. Па што да правите додека се доближите еден до друг? Да гледате смешкајќи се – ќе ви се здрви фацата. Да гледате настрана? Во земја?

Правила за реагирање во друштвено непријатни ситуации

Правило за оваа ситуација: Рацете долу по првото мавтање и благо кимнување со главата на секои 10 метри.

6. Твитер средба

Излегувате во град и забележувате некој кој ви изгледа благо познато. Гледа право во вас, знаете дека сте зборувале за глупостите од детството, сте дебатирале на сериозни теми и сте се смееле фаќајќи некому сеир. И покрај сè, ова е личност која никогаш не сте ја запознале. Тоа е некој што го знаете од Твитер.

Правила за реагирање во друштвено непријатни ситуации

Правило за оваа ситуација: За да остане ситуацијата нормална, си вртите грб еден на друг и кажувате некоја мудрост во 140 карактери.

7. Непосакувано барање за пријателство на Фејсбук

Некој што едвај го познавате ве додава на Фејсбук. Имате две опции: да го додадете и да му дозволите пристап до сите ваши слики од последниве 5 години или да го одбиете и да се надевате дека тоа ќе помине без да се спомне следниот пат кога ќе се сретнете во живо.

Правила за реагирање во друштвено непријатни ситуации

Правило за оваа ситуација:  За да додадете некого на Фејсбук, претходно треба да имате направено барем 3 битни муабети во живо. Од ова правило се отстапува во случајот кога се работи за луѓето кои ве одгледале од раѓање. Нив не ги додавате во никој случај!

8. Повеќекратно „здраво“

Излегувате некаде во гужва и забележувате некој пријател. Си викате здраво. Потоа се сретнувате пак, тогаш му се насмевнувате. За несреќа го среќавате и трет пат. Тогаш подигате веѓа во знак на прифаќање на незгодниот момент. Арно ама, кога мислите дека незгодните средби завршиле, го среќавате и четврт пат. Веќе не знаете која би била соодветната реакција.

Правила за реагирање во друштвено непријатни ситуации

Правило за оваа ситуација: Од третиот пат натака, дигнете рака и направете си „да пукне“ без да размените ни збор.

9. Запознавате некого, но на другиот не му го знаете името

Се случува да заборавиме име на некого што не сме го сретнале одамна, но која е веројатноста да го заборавите името на оној што само што сме го запознале? Да, и тоа се случува. Нема проблем. Затоа постојат зборчиња кои можат да ве извадат од оваа ситуација како „пријателче“, „брат“, „другарче“… (за женски е малку покомплицирано). Проблемот настанува кога друг ваш пријател ќе наиде, па по протокол вие треба да ги претставите двајцата еден на друг.

Правила за реагирање во друштвено непријатни ситуации

Правило за оваа ситуација:  Од оваа ситуација нема бегање. Незгодна е „до даска“. Па, ако сакате да го избегнете срамот, подобро ич не излегувајте од дома. 🙂

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Andrijana Reply

    Добро луѓе, зошто би било незгодно ако се погодите исто облечени со некој? Ете барем знаете дека сте направиле добар избор и сте облекле популарно парче. Или па прерано збогување? Ќе си го продолжите муабетот додека не ви се разделат патиштата, едноставно е.

  2. Јас Reply

    Додека авторот го трошел свото време за да осмисли една ваква „статија“ подобро нека го потрошел да смисли и напише барем нешто паметно и корисно. Ситуациите се реални и можни, но решенијата тотално глупави и бесмислени!

  3. Maja Reply

    Gluposti… A mislev kojznae kolku interesna statija

  4. Маџим Reply

    Супер статија… Изгледа некои не ја сфатија наменетата хумористична глетка

  5. Daniel Reply

    Statijava e mnogu glupava i mi potrosi za dzabe vreme da ja procitam

Напиши одговор на Јас Откажи одговор