Откријте ги тајните на вашата потсвест: Кој предмет прво ви падна во очи?

Врз самиот карактер, големо влијание има околината, особено социјалната и културната. Додека сме биле помлади, ние сме го имитирале она што сме го гледале кај возрасните и тоа е клучен фактор врз начинот на кој се однесуваме денес, односно тоа набљудување некако потсвесно е врежано во нашиот мозок. Па, доколку сакате да го забележите ова влијание, погледнете ја сликата и кажете ни кој предмет најмногу ви „штрчи“…

1-izberete-go-predmetot-koj-vi-bode-vo-ochi-i-doznajte-tajni-od-vashata-potsvest-www.kafepauza.mk_

Велосипед

Сакате да го промените вашиот работен и личен живот. Амбициозни сте и сакате независност. Ова може да значи и осамен пат ниz животот.

2-izberete-go-predmetot-koj-vi-bode-vo-ochi-i-doznajte-tajni-od-vashata-potsvest-www.kafepauza.mk_

Корпа со јаболка

Јаболкото претставува мудрост. Ако тие ви паднале во око, тоа значи дека сте на пат да достигнете емотивна среќа. Сепак, бидете внимателни. Ова значи и дека на овој пат ве чекаат бројни искушенија во кои не смеете да паднете.

3-izberete-go-predmetot-koj-vi-bode-vo-ochi-i-doznajte-tajni-od-vashata-potsvest-www.kafepauza.mk_

Капа

Импулсивни сте и брзо донесувате одлуки. За жал, тие не секогаш се вистинските. Подготвени сте на ризик, што објаснува зошто имате многу повеќе отворени врати во однос на останатите. Имајќи го тоа на ум, понекогаш знаете да бидете многу невнимателни.

4-izberete-go-predmetot-koj-vi-bode-vo-ochi-i-doznajte-tajni-od-vashata-potsvest-www.kafepauza.mk_

Книги

Вие имате внатрешно тежнеење за знаење. Сѐ уште ја немате пронајдено смислата на своето постоење, но не сте се откажале од тоа.

5-izberete-go-predmetot-koj-vi-bode-vo-ochi-i-doznajte-tajni-od-vashata-potsvest-www.kafepauza.mk_

Чекан

Вие сте повеќе од способни за да се активирате и да работите. Многу сте храбри во донесувањето одлуки. Кога ќе се одлучите за нешто, ќе направите сѐ за да го постигнете, па ако треба, дури и физичка сила ќе користите.

6-izberete-go-predmetot-koj-vi-bode-vo-ochi-i-doznajte-tajni-od-vashata-potsvest-www.kafepauza.mk_

Маски

Можно е на другите да им прикажувате лажна верзија од себе. Можеби се обидувате да ги скриете чувствата и карактерот кои ни самите не можете да си ги објасните.

7-izberete-go-predmetot-koj-vi-bode-vo-ochi-i-doznajte-tajni-od-vashata-potsvest-www.kafepauza.mk_

Доколку не го пронајдовте вашиот предмет, тогаш продолжете на следната страница.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар