15 женски особини на кои мажите не можат да им одолеат

15 женски особини на кои мажите не можат да им одолеат

Девојките честопати се прашуваат што е тоа што им се допаѓа на мажите и се обидуваат да ги подобрат оние делови од телото што мислат дека ќе го привлечат машкото внимание. Природно е тоа што сакаме да му се допаднеме на спротивниот пол, па така, добро е да се знае кои женски особини се неодоливи за мажите. Прочитајте ги нивните одговори…

1. Добрина

15 женски особини на кои мажите не можат да им одолеат

Мажите секогаш ги забележуваат добрите дела, особено ако сакаат да започнат сериозна врска со некоја девојка. Вистина е тоа дека доброто со добро се враќа!

2. Способност да се извлечат од незгодни ситуации

15 женски особини на кои мажите не можат да им одолеат

Мажите постојано повторуваат дека ги привлекува природното однесување и природниот изглед. Но, и вашата реакција во ненадејни ситуации е исто толку значајна. Ако девојката може да признае дека згрешила, наместо да се обидува да се оправда или да се лути, тогаш несомнено е дека ќе го привлече вниманието на мажите.

3. Средени нокти

15 женски особини на кои мажите не можат да им одолеат

Многу девојки мислат дека никој не се интересира за нивните нокти освен пријателките. Меѓутоа, мажите ги ценат средените нокти, иако можеби нема да ја забележат бојата на лакот или нивниот облик. Тоа им помага да дознаат дали девојката се грижи за себе.

4. Оптимизам

15 женски особини на кои мажите не можат да им одолеат

Мажите воопшто не ги привлекуваат жените кои имаат негативен поглед кон светот. Момците го забележуваат она што ви го влошува расположението и ако тоа се случува премногу често, ќе почнете да ги потсетувате на нешто негативно во моменти кога им треба извор на позитивна енергија. Токму затоа мажите им се восхитуваат на среќните жени кои знаат да уживаат во животот. Но, немојте да се преправате, бидејќи мажите ќе ја препознаат вашата лажна насмевка!

5. Добра финансиска состојба

15 женски особини на кои мажите не можат да им одолеат

Жените се бореле за еднакви права и ги добиле. Токму затоа, жените не се единствените што обрнуваат внимание на финансиската состојба на мажите. Оваа тема е малку деликатна, но многу е важна. Кога мажите ќе се заинтересираат за вашите финансии, тие се обидуваат да извлечат некои заклучоци. Ако заработувате повеќе од него, тој ќе треба да размисли дали може да се справи со таквата ситуација. Ако заработувате помалку, може ќе му треба време да одреди дали вашата заинтересираност за него е побудена од финансиска природа.

6. Самодоверба

(6) 15 женски особини на кои мажите не можат да им одолеат

Мажите сакаат да им даваат комплименти на жените кои знаат дека ги заслужуваат тие зборови, но мразат кога треба да ги убедуваат дека се убави. Најмалку привлечна е жената која секогаш се сомнева во својата убавина. Самодовербата обично надоместува за сите физички недостатоци.

7. Ставот кон другите девојки

15 женски особини на кои мажите не можат да им одолеат

Ако сте упатиле незгоден поглед на некоја убава девојка која поминувала покрај вас или сте дале нељубезен коментар, мажите ќе го забележат тоа и ќе заклучат дека имате многу комплекси, дека сте завидливи и некултурни.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар