12 неверојатни предвидувања од книги кои се исполниле

12 неверојатни предвидувања од книги кои се исполниле

Понекогаш не можеме ни да замислиме колку се прецизни описите за иднината во научно фантастичните книги. Изгледа дека авторите на овие книги имаат посебно знаење за нашиот свет кое го надминува разбирањето на обичните луѓе. Во продолжение погледнете некои од најимпресивните предвидувања кои сепак не изгледаат толку нереално денес, како што се доживувале во моментот кога биле напишани.

1. Крионика

Првото спомнување на теоријата за крионика може да се најде во кратката приказна „Сателитот Џејмсон“ (The Jameson Satellite) напишана од Нил Р. Џоунс во 1931 година. Главниот лик, професор Џејмсон, сака да го однесе својот труп во орбитата на Земјата со надеж дека таму ќе се зачува благодарение на температурата од апсолутна нула. Но, концептот на човечка крионика се прославил дури во 1947 година, благодарение на Роберт Етингер, кој е познат и како таткото на криониката. Истата година тој напишал кратка приказна „Претпоследниот адут“ (The Penultimate Trump). Оваа приказна го создала првиот човек кој го промовирал замрзнувањето на мртво тело со надеж за подоцнежно воскреснување.

2. Месо од лабораторија

(2)12-neverojatni-predviduvanja-od-knigi-koi-se-ispolnile-kafepauza.mk

Вештачкото месо прв пат било спомнато во новелата „Две планети“ (Two Planets) напишана во 1897 година од Курд Ласвиц. Во неговата книга, синтетичкото месо е само дел од синтетичката храна која Марсовците им ја претставиле на Земјаните.

3. Слетување на месечината

(3)12-neverojatni-predviduvanja-od-knigi-koi-se-ispolnile-kafepauza.mk

Во 1865 година, Жил Верн ја издал својата книга „Од Земјата до месечината“ (From the Earth to the Moon) во која опишал огромен вселенски пиштол кој можел да лансира проектили директно на месечината. Еден век подоцна, леталото Аполо 11 слета на месечината. Леталото го носи името кое Верн го предвидел, а бројот на луѓе на екипажот бил ист како во книгата на Верн. Тој дури успеал и точно да го опише чувството на бестежинска состојба на астронаутите.

4. Потонувањето на Титаник

(4)12-neverojatni-predviduvanja-od-knigi-koi-se-ispolnile-kafepauza.mk

Новелата на Морган Робертсон, „Уништувањето на Титан“ (The Wreck of Titan) била издадена во 1898 година и раскажувала за брод кој не можел да потоне, но удрил во ледена карпа. 14 години подоцна, најголемиот брод кој бил направен дотогаш – Титаник, го почнал своето патување и потонал во истите услови како во книгата на Морган.

5. Атомска бомба

(5)12-neverojatni-predviduvanja-od-knigi-koi-se-ispolnile-kafepauza.mk

Во книгата „Ослободување на светот“ (The World Set Free), Х. Г. Велс предвидел дека рачни гранати од ураниум со бескрајна моќ ќе уништат многу животи во иднината. 31 година по книгата, лансирана е првата атомска бомба во Хирошима.

6. Трката за нуклеарно оружје

(6)12-neverojatni-predviduvanja-od-knigi-koi-se-ispolnile-kafepauza.mk

„Незадоволително решение“ (Solution Unsatisfactory), кратка приказна на Роберт Хајнлајн од 1941 година, раскажува дека САД почнува да прави нуклеарно оружје пред кој било во светот и станува единствена суперсила на планетата. Роберт исто така ја опишал и трката, односно обидот другите нации да направат слични бомби. Подоцна, сите овие настани се случиле во периодот на Студената војна.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар