Нови истражувања ни покажуваат дека патувањето низ времето е поблиску отколку што мислиме

Нови истражувања ни покажуваат дека патувањето низ времето е поблиску отколку што мислиме

Минатата недела, научниците од LIGO (Laser Interferometer Gravitational-Wave Observatory) откриле гравитациони бранови кои докажуваат еден клучен аспект на Ајнштајновата теорија за релативитетот. Овие бранови биле суштински резултат од судир на две гигантски црни дупки. Спојувањето се случило пред 1,3 милијарди светлосни години, во периодот кога Земјата била населена од едноклеточни организми.

Нови истражувања ни покажуваат дека патувањето низ времето е поблиску отколку што мислиме

Еден од истражувачите сметал дека ова можеби и не е толку значајно и дека нема да нѐ донесе поблиску до патувањето низ времето, но теоретскиот физичар од Универзитетот Принстон, Дејвид Спергел, аргументирал дека тимот не го вреднува толку значењето на докажувањето дека теоријата за релативитетот е точна. Ајнштајновата теорија ја дава идејата дека големите објекти со масивна гравитациона сила го искривуваат материјалот на временско-просторната компонента, што може да се спореди со носењето на крајот поблиску до тркачот.

Професорот Спергел вели дека докажувањето на теоријата на Ајнштајн ги открива и основите за патување низ времето.

„Сѐ уште има многу работи за откривање, почнувајќи со постоењето на честички со негативна маса и стабилноста на црвјите дупки. Но, општите равенки на релативитетот, кои ни ги даваат црните дупки, ни кажуваат дека патувањето низ времето не е само возможно, туку и дозволено“, објаснува тој.

Едвин Тарнер, уште еден астрофизичар од Принстон, се согласува со претходното тврдење, но вели дека тоа е возможно само ако гравитационите полиња кои се анализираат се доволно силни, што обично е случај со објектите кои се масивни, како на пример црните дупки. Ефектот би бил сличен ако фрлиме потешко топче врз растеглив материјал. Топчето ќе го растегне материјалот до тој степен што двата краја ќе се допрат.

„Траекториите низ време-просторот треба да бидат доволно искривени за да можат да се преклопат – силните гравитациони полиња го искривуваат материјалот на времето и просторот. Ако полето е доволно силно и комплицирано, може да постојат патишта низ искривената временско-просторна компонента, кои во различни моменти се сечат, што значи дека може да патувате на пат кој ги спојува точките од иднината со точките од минатото“, вели професорот Тарнер.

Спергел вели дека ќе бидат потребни барем уште 50 години пред да се направи чекор напред во откривањето на патувањето низ времето. Ова е обично нормалното темпо во кое се движат откритијата поврзани со оваа тема, но кога се појавува еден голем напредок во астрономијата, наредниот следува веднаш после првиот. Независно какви клучни механики произведуваат тимовите кои ги спроведуваат ваквите истражувања за оваа цел, професорот Спергел вели дека немаше да има ниту успех, ниту напредок без големото откритие на LIGO.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

  1. Magic Mike Reply

    Напишаново нема благе везе со наука. Ако сакаш да пишуваш на вакви теми прво научи кои се тврдењата на Општата терија на релативитетот. (Според напишаново очигледно не знаеш основни работи од физиката кои се учат во средно училиште.)

    „…објекти со масивна гравитациона сила го искривуваат материјалот на временско-просторната компонента„ …ме интересира дали разбираш нешто од реченицава што си ја напишала.

    Со оглед на тоа што овај сајт е наменет за широк спектар на читатели кои чекаат на тебе да им ги поедноставиш изјавите на научниците од областа на астрономијата на физиката, читањето на оваа статија е бескорисно затоа што се што е напишано е конфузно и неупотребливо.

Напиши одговор на Magic Mike Откажи одговор