Највисокиот, најбрзиот и најстрмниот воден тобоган во светот

Мислите дека би имале храброст да се спуштите на овој застрашувачки воден тобоган? Тобоганот „Verrückt“ чие име на германски значи „лудо“ се наоѓа во водниот парк Шлитербан во Канзас Сити, Канзас. За да се спуштите по тобоганот, мора да бидете вкупно 4-ца авантуристи сместени на еден гумен чамец. Додека се спуштате, достигнувате брзина од неверојатни 105 километри на час и потоа се искачувате нагоре во висина на зграда од 5 ката и повторно паѓате надолу уште 15 метри. Бидејќи безбедноста е секогаш на прво место, сите гумени чамци се опремени со појаси.

Највисокиот, најбрзиот и најстрмниот воден тобоган во светот

Тобоганот со својата висина од неверојатни 52 метри, неодамна влегол и во Гинисовата книга на рекорди. За споредба, овој тобоган е повисок и од Нијагарините водопади и од Статуата на Слободата!

Највисокиот, најбрзиот и најстрмниот воден тобоган во светот

 

„Дали оваа авантура е за сите?“ – би се запрашале. „Секако дека не. Дали скокањето со падобран е за сите? Доколку се плашите од височини или едноставно не сте ентузијаст за луди железници, тогаш подобро би било да не го пробате овој воден тобоган. Пред да решите што било, прво прочитајте ги безбедносните знаци кои ги пишува на влезот, добро размислете и дури потоа тргнете кон 264-те скали до врвот“ – пишува на официјалниот сајт на водениот парк.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар